Македонија

Ноќеска почнува зимското сметање на времето

Во 03:00 по полноќ, стрелките на часовниците ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот

Завршува летното сметање на времето и од ноќеска, поточно од утре, 26 октомври 2025 година, а почнува зимското сметање

Ноќта меѓу сабота и неделаа, на 25 и 26 октомври, во 03:00 по полноќ, стрелките на часовниците ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.

Оваа промена ќе се случи нешто порано отколку претходните години.

Последен пат зимското сметање на времето на овој датум беше воведено пред повеќе од една деценија.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): „Визер“ ги запира сите летови кон Израел, Дубаи, Абу Даби, Аман и Саудиска Арабија

Од авиокомпанијата додаваат дека патниците ќе бидат навремено информирани за сите очекувани промени. Патниците кои ги резервирале своите билети преку трети страни треба директно да се обратат до агенциите или платформите преку кои ја извршиле резервацијата.

Општините во фокус: Перински повика на партнерска соработка преку Ресурсниот центар

Иако локалната власт е самостојна и има сопствени изворни надлежности и одговорности, преку партнерска соработка и взаемна поддршка можеме да постигнеме многу повеќе. Затоа градиме концепт за синергија на сите расположливи ресурси во државата кои ќе бидат ставени во функција на општините, истакна министерот Перински.

ИНА: Ако продолжи одбивањето на сосопственоста на Албанците врз државата, тие ќе се радикализираат, ќе бараат целосна автономија и ќе се исцртаат границите!

„Ако македонската политичка елита продолжи да го игнорира албанскиот јазик и да отфрла дека и Албанците се сосопственици на оваа држава, тогаш таквото одбивање неодбежно ќе доведе нѐ до поделба, до радикализација на албанските барања и до нивно барање за целосна автономија со исцртани граници.“ – наведува информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ во својот уреднички коментар со наслов „Отфрлањето на албанскиот јазик од страна на Македонците: Тивкото самоубиство на државата, која одбива сосопственост“.

To top