Македонија

Нов протест за депонијата во Скопје, се бара решавање на проблемот со „Вардариште“

Жителите на Скопје и околните општини повторно се подготвуваат да излезат на улиците во знак на протест против депонијата Вардариште, која во последните денови предизвикува неподносливи услови и загадување.

Неколку десетици граѓани со свирежи и со транспаренти со натписи на кои се бара решавање на проблемот со „Вардариште“, втор ден протестираат пред мостот „Киро Глигоров“ кај паркот „Авионче“ во Аеродром. Граѓаните се собраа на крстосницата на булеварите „Србија“ и „АСНОМ“, а сообраќајот беше во прекин.

  • Смрдеата што доаѓа и гасовите што се испуштаат од ‘Вардариште’ прават неподносливи услови за живеење. Сето тоа се одразува врз здравјето не само на возрасните туку и на децата и на генерациите што доаѓаат“, вели еден повозрасен жител на Аеродром што беше на протестот.

Тие велат дека ќе се собираат секој ден сè додека не видат конкретни мерки за решавање на проблемот со загадувањето од депонијата „Вардариште“.

Инаку, ова е втор ден како жителите на Аеродром и Ново Лисиче протестираат, а незадоволството од смрдеата што со години се шири од „Вардариште“ решија да го изразат откако во неделата по трет пат се случи една третина од Скопје да нема струја поради пожар на депонијата.

Организаторите на протестите преку нивната група на Фејсбук велат дека се залагаат загадувањето на воздухот да стане приоритет на сите надлежни институции и за спроведување конкретни мерки кои ќе се справат со сите сценарија што доведуваат до аерозагадувањето и кои ќе ги заштитат граѓаните од него.

  • Нашата цел е една – воздух сега. Немаме намера да поддржиме или нападнеме одредена политичка партија. Имаме намера да ја зголемиме свеста кај граѓаните за состојбата на воздухот, причинителите за негово загадување, позитивните пракси за намалување на истото, иновативни решенија, да ги информираме граѓаните за можностите за акција, за надлежните институции кои се должни да преземат мерки за негово намалување“, велат организаторите.

Оттаму додаваат дека сакаатда посочат каде институциите не ја извршиле својата законски пропишана должност и да бараат одговорност и отчетност од нив.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

Азески во Битола: Фокус на инфраструктурата како клуч за развој на регионот

Битолскиот регион има околу 5.000 правни субјекти и учествува со 9 до 10 проценти во бруто домашниот производ на државата, што ја потврдува неговата значајна улога во националната економија.

Храната глобално поскапува поради конфликтот на Блискиот Исток

Глобалните цени на храната забележаа раст во март, поттикнати главно од поскапувањето на енергенсите, кое е резултат на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации.

Во притвор оди битолчанецот (31), уапсен оти од април 2024 до април 2026 набавувал и поседувал материјали со детска порнографија!

Основниот суд Битола го прифати предлогот за притвор за осомничениот битолчанец вработен во образовна установа осомничен за детска порнографија во случајот кој е дел од меѓународна истрага за онлајн-злоупотреба на деца, соопштуваат од Јавното обвинителство на Република Македонија. Случајот е дел од меѓународна истрага за онлајн-злоупотреба на деца, што произлегол од акција предводена од Австралиската федерална полиција.

Повторно во функција обвинителот Цветаноски, суспендиран поради милионските бонуси во СЈО: Новата комисија многу посериозно да ги земе предвид моите наводи!

Јавниот обвинител Јован Цветановски повторно ја извршува својата функција во Вишото јавно обвинителство Скопје, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија поради утврдени пропусти во постапувањето на дисциплинска комисија. Истовремено, Советот одлучи дисциплинскиот предмет против него да се врати на повторно разгледување. Јован Цветановски беше ангажиран на предметот за бонусите исплатени во поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО). Цветановски беше суспендиран и тврдеше дека суспензијата е резултат на притисоци и обид за дискредитација, бидејќи одбил да донесе „незаконска одлука“ за бонусите. Тој изјави дека врз него се вршени притисоци од други обвинители и дека суспензијата е дел од политички мотивирана хајка.

To top