Македонија

Нова 10-ка за Самет Салиевски од виралната кумановска песна

Медиумски покровител и оваа година беше „Рома Пресс“

Тимот на легендарниот кумановски организатор Самет Салиевски кој на јавноста и стана познат по виралната кумановска песна за Максим Димитриевски, доби нова десетка.

Овој пат за дводневната музичка манифестација, организирана под раководство на Рушит Шакир, заедно со неуморниот тим на веќе добро познатиот организатор Самет Салиевски, годинава донесе бројни успеси, одлична атмосфера и настапи кои долго ќе се паметат.

„Рома Труба Фест“ е традиционална меѓународна музичка манифестација посветена на ромската народна песна и изведбата со дувачки инструменти, јавува Рома Прес.

Фестивалот се одржа со поддршка на Општина Куманово и Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија. Медиумски покровител и оваа година беше „Рома Пресс“, со поддршка и од останатите медиуми кои придонесоа фестивалот да стигне до пошироката јавност.

Фестивалот го отвори градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, кој во своето обраќање ја истакна сплотеноста на мултиетничката заедница и богатството на мозаикот од обичаи, култура и традиција што го краси градот Куманово.

Свое обраќање имаше и претставникот на културно-уметничкото друштво и домаќин на фестивалот, Самет Салиевски. Тој ја истакна вредноста на манифестацијата и фактот што „Рома Труба Фест“ веќе 21 година ја одржува својата традиција и кондиција, упатувајќи искрена поддршка најпрвин до Ромската заедница и останатите, притоа упатувајќи благодарност до сите учесници, покровители и поддржувачи кои низ годините придонесуваат фестивалот да продолжи да живее.

На 21. издание настапија музички изведувачи и дувачки оркестри од Македонија, Србија, Бугарија и Франција. Публиката имаше можност да ги проследи настапите на Оркестар „Кеми Асанов“ од Кочани, Оркестар „Исидор Зеќировиќ“, Панајот Кирилов, Оркестар „Маријан Крстиќ“, нашиот сограѓанин Виктор Димитриевски, како и француската музичка атракција „Lous Brandalous“, Демир Кантуровски и Уска Кан – „Кантуровски Оркестар“, „Екрем Мамутовиќ и нови надежи“, Оркестар „Давид Антиќ“ и Оркестарот „Бобан“.

Повеќе детали на Рома Прес

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Со вера, работа и љубов кон Македонија продолжуваме да градиме подобро утре за нашите деца и сите граѓани

„Денес, повеќе од кога било, ни требаат заедништво, грижа еден за друг и одговорност кон иднината!“ – порача претседателот на Владата на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на роденденската прослава на Општинскиот комитет на партијата во Кочани.

To top