Македонија

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење

Уапсена сопственичка на салон за убавина, криумчарела филери и препарати за убавина

Сопственичка на салон за убавина со уште две лица се осомничени за криумчарење филери и други препарати за убавина. Царината препаратите ги открила во комбе на граничниот премин Табановце, завиткани во чаршав. Комбето кое ги превезувало 535те вијали, односно шишенца со средство за слабеење и 7.400 етикети со натпис TIRZ 2.5 мг и TIRZ 5 мг. било под постојан надзор на мобилен царински тим. Од граница, комбето продолжило да се движи до местото каде што било договорено преземање на пратката од страна на сопственичката на салонот.

Во моментот на исплатата, инспектори од Одделението за истраги ја лишиле од слобода сопственичката на салон за убавина, а по налог на јавен обвинител е извршен претрес на салонот, каде се пронајдени и други криумчарени медицински препарати – дермални филери, препарати за разградување дермални филери, производи кои се користат за редуцирање маснотии, контурирање на лице, отстранување на брчки и производи за подмладување. За пронајдените производи не била обезбедена документација за нивната безбедност, исправност и законит увоз, а според сомненијата, истите ги рекламирала и ги употребувала врз клиенти.

Против нејзе, но и уште две лица, поднесена е кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за сторено кривично дело криумчарење и производство и пуштање во промет штетни средства за лекување.

Царинската управа и натаму ќе продолжи со активности со цел заштита на здравјето на граѓаните, при што апелираат дека сите оние кои работат спротивно на закон ќе бидат најстрого санкционирани.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица, и тоа за две лица за кривични дела Криумчарење и Вршење на јавен превоз без поседување лиценца, како и за една осомничена за кривични дела – Прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама и Производс­тво и пу­шта­ње во про­мет штет­ни средс­тва за ле­ку­ва­ње, соопштија од таму.

Со цел обезбедување на осомничената и непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд достави предлог да се определат мерки на претпазливост спрема неа: обврска осомничената да се јавува кај определено службено лице, привремено одземање на патна исправа и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти со другите двајца осомничени.

Најнови вести од: Македонија

УНИБанка: Максимален принос за минимално време – депозит на 6 месеци, камата 2%

УНИБанка со нова понуда за штедење во евра. Изберете рочност која ви одговара и започнете да заработувате од вашите слободни средства. „Депозит Фикс во евра“ со кратки рочности од 3, 6 или 12 месеци и атрактивна каматна стапка до 2,10%

To top