Македонија

До крајот на годината „Безбеден град“ ќе ја покрие цела Македонија

Велес, па Охрид и Струга каде до летната сезона треба да бидат поставени камерите

„Сејф сити“ ќе се става во функција град по град веднаш штом ќе бидат поставени камерите. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вели дека статистиките покажуваат заштитени човечки животи откако се воведе„Сејф сити“, а и граѓаните го подджуваат. Камери веќе има имплементирано во Велес, сега се работи во Охрид и Струга каде до летната сезона треба да бидат поставени камерите.

До крајот на годината целата тероторија на државата ќе биде покриена со безбедносниот систем.

„Секој еден македонски граѓанин заслужува да живее во рамки на една побезбедна средина. Овој систем веќе се докажа дека влијае од аспект на безбедноста. Како на микро средина се исполнуваат техничките услови, така ќе ги пуштаме во функција, нема да чекаме секаде да го поставиме системот, па го пуштиме во секој еден град заедно“, појасни Тошковски.

Фашинг напади имало и ќе има, вели Тошковски, но апелира граѓаните да бидат внимателни особено со злоупотребите за казни од „Сејф сити“ кои зачестија изминатиот период. Лажните пораки секогаш стигнуваат од странски броеви, имаат чудна и нелогична содржина, бидејќи системот од домашни напади е заштитен.

„Дали добиваме навремено известување од граѓаните, да добиваме, дали веднаш комуницираме со граѓаните дека постојат фишинг напади, да. Граѓаните треба да бидат внимателни во делот на тоа, од кого ја добиваат пораката, тоа се секогаш пораки кои ги добиваат од чудни броеви, со чудна адреса, имаат чудни информации во рамки на самите пораки не се добиени од точната страна на МВР “ рече Тошковски.

Досегашните статистики бележат речиси двојно намалување на бројот на жртви во сообраќајни несреќи. Ако лани во првиот квартал 47 луѓе загинале на македонските улици, годинава се 26. Во главниот град во месец април има нула жртви од сообраќајки, што значи целосен е ефекот од системот „Безбеден град“ за заштитата на човечките животи.

Најнови вести од: Македонија

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

Мицкоски: Во судството има измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ

Говорејќи за правосудството во емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“, претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека таму, покрај огромното мнозинство чесни луѓе, постои и измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ.

Најнови вести

To top