Македонија

УНИБанка: Максимален принос за минимално време – депозит на 6 месеци, камата 2%

УНИБанка со нова понуда за штедење во евра. Изберете рочност која ви одговара и започнете да заработувате од вашите слободни средства. „Депозит Фикс во евра“ со кратки рочности од 3, 6 или 12 месеци и атрактивна каматна стапка до 2,10%

На овој начин добивате поголема слобода во располагањето со сопствените средства, но и поголема добивка. Оваа можност е поволна за сите оние физички лица кои имаат пасивни средства на своите платежни сметки, а не се решиле да ги вложат во депозити поради долгите рокови за вложување кои ги нудат банките.

Со „Депозит Фикс во евра“, добивате флексибилност која секој ја посакува. Вложувате на краток рок, а добивате каматна стапка како да штедите на долг период.

Дигитална достапност – растот на депозитот може да се следи преку интернет банкарство или мобилната апликација и да се дополнува електронски во секое време.

„Депозит Фикс во евра“ е одговор и на прашањата кои секогаш си ги поставуваме: како да ја зголемам сигурноста, но и вредноста на моите пари, и како да штедам во евра, а да добијам повисока камата. Со воведувањето на оваа поволност УНИБанка уште еднаш покажа дека ги следи очекувањата и потребите на клиентите и делува во нивен интерес, во чекор со динамиката на современиот начин на живот.

Правилното управување со сопствената заштеда е една од најважните и најодговорните задачи во животот, а изборот каде ќе ги чувате вашите средства треба да биде добро информирана одлука за да бидете сигурни дека тие ќе бидат на сигурно, и не само што нема да ја загубат вредноста, туку ќе носат висок принос.

Промотивната понуда трае до 20.07.2026 г.

Со „Депозит Фикс во евра“ штедите без комплицирање и без неизвесност. Само сигурна добивка!

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top