Македонија

Новата бугарска министерка за надворешни работи продолжува со „проект за уништување на Македонија одвнатре“

Германецот ја опишува бугарката како министерка „со убаво лице, но стари идеи“

Германскиот новинар и познавач на Балканот, Михаел Мартенс, остро ја критикуваше позицијата на новата бугарска министерка за надворешни работи во објава на X (Twitter).

Според Мартенс, министерката „со убаво лице, но стари идеи“ продолжува со политиката на Бугарија која, како што вели тој, има за цел „уништување на Македонија одвнатре“.

Тој исто така ја обвини дека „негира постоење на бугарски граѓани кои се идентификуваат како Македонци“.

Мартенс заклучува дека Македонците нема да ја прифатат оваа политика и дека единствен победник од ваквиот застој на македонскиот европски пат ќе биде Србија.

Објавата доаѓа како реакција на официјалниот став на бугарското Министерство за надворешни работи, кое повторно ја потврди цврстата позиција дека Македонија мора целосно да ги исполни обврските од 2017 година, протоколите и јулскиот компромис од 2022 година, вклучувајќи ги правата на Бугарите во Македонија.

Оваа објава на Мартенс предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, со поделени мислења – дел од корисниците ја поддржуваат неговата критика кон Бугарија, додека други ја обвинуваат за пристрасност и претерување.

Михаел Мартенс е долгогодишен дописник за Југоисточна Европа на весникот „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ и често коментира балкански теми.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top