Македонија

Нови блокади на граничниот премин „Евзони“ – денес од 17 до 23 часот по македонско време

Грчките земјоделци повторно ќе го оневозможуваат влезот во Грција.

Граничниот премин „Евзони“ кон Грција денеска ќе биде затворен шест часа поради протестите на грчките земјоделци, кои најавија нова блокада од 17 до 23 часот по македонско време.

Во овој период ќе биде оневозможен влезот и излезот од Грција за сите категории возила, вклучувајќи камиони, патнички автомобили и автобуси.

Истата мерка беше применета и вчера, а земјоделците сигнализираат дека во наредните денови одлуките за блокадите ќе бидат донесени во последен момент, особено во контекст на најавената средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, која е планирана за вторник.

Дополнителни ограничувања постојат и на граничниот премин Ники (Меџитлија), каде е воведена забрана за сообраќај на товарни возила до утре до 10 часот.

Протестите во Грција влегоа во нова фаза откако земјоделците стартуваа 48-часовната акција со блокади на различни локации низ земјата.

Протестите започнаа на 30 ноември и траат повеќе од 40 дена, со речиси секојдневни блокади на клучни патишта и сообраќајни точки.

„Фокус“

Најнови вести од: Македонија

АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење

Ги уверуваме нашите клиенти дека Банката продолжува со редовно работење и исполнување на своите обврски. Нивните средства им се достапни и нема ограничувања во користењето на банкарските услуги надвор од вообичаените услови на работење.

Во Брвеница гласаат болните и немоќните и затворениците – Право на глас имаат 116 луѓе

Своето право на глас, како што велат од ДИК, може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор, а гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Од договор на дело до постојано вработување – Што предвидува новиот предлог-закон?!

Законот се предлага по скратена постапка со образложение дека не е сложен и обемен. Предвидено е да влезе во сила на денот на објавувањето во „Службен весник“, кога би престанал да важи досегашниот Закон за трансформација во редовен работен однос.

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

Паралелно со развојот на новата 5G-мрежа, Оне Македонија ја гради инфраструктурната и партнерската основа за долгорочно присуство на македонскиот пазар, со цел да придонесе кон поголема конкуренција, современи телекомуникациски услуги и забрзан дигитален развој на Македонија.

To top