Македонија

Новинарот Бранко Героски пријави закана: Загрижен сум за безбедноста моја и на моето семејство

Новинарот Бранко Героски соопшти дека го известил директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, за закана што, според него, му била упатена преку социјалната мрежа Фејсбук и која кај него предизвикала загриженост за сопствената и за безбедноста на неговото семејство.

Геровски наведува дека заканата дошла од лице кое го именува како Илија Ико Стаменов, во коментари под неговата објава со содржина: „Само трговски центри, дата центри никако“.

Тој нагласува дека во самата објава не било споменато ниту означено конкретно лице. „На директорот Јанев, со директни цитати и скриншотови, детално му појаснив зошто заканата содржи елемент на сериозност“, напиша Героски.

Според неговата оценка, содржината на коментарите има елементи на кривичното дело „загрозување на сигурноста“ од член 144 од Кривичниот законик. Тоа е правна квалификација што ја изнесува самиот Геровски, а за евентуалното постоење на кривично дело треба да се произнесат надлежните институции.

Новинарот вели дека на директорот на БЈБ му доставил и други јавно достапни информации за кои смета дека можат да помогнат во идентификацијата на лицето што му се заканувало. „Од МВР, односно од полицијата, барам да постапи според законот, да ја обезбеди мојата сигурност и сигурноста на моето семејство и да изврши потребни дејствија да го пронајде заканувачот и да го документира случајот“, порача Героски.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Мисајловски: Постигнат е значаен напредок за развојот на Балканските медицински сили

Министерот за одбрана Владо Мисајловски соопшти дека во изминатиот период е постигнат значаен напредок во развојот на капацитетите на Балканските медицински наменски сили (БМНС), регионална иницијатива од големо значење. На денешниот состанок на земјите-членки на БМНС во Брдо, Словенија, било разговарано за натамошниот развој, поголемата видливост и преземањето нови одговорности на оваа регионална иницијатива. – […]

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

СДСМ се огласи: Нема извинување за министерката Божиновска

СДСМ побара од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска да одговори на обвинувањата што партијата ги изнесува за нејзината поранешна поврзаност со компании од „Руднап груп“, како и за зделка вредна 13,2 милиони евра за набавка на броила од српската компанија „Метер-контрол“.

Божиновска: СДСМ да ги повлече лагите или одиме на суд

„Фактите се јасни, повеќе од 12 години немам никаква деловна ниту приватна релација со ‘Руднап’. Немам никаква поврзаност со предметната набавка, ниту со постапката што ЕВН, како приватна компанија, ја спроведува самостојно и за сопствени потреби, вели министерката за енергетика

To top