Македонија

Новиот градоначалник на Кичево ја прими амбасадорката на САД

Јовановски и Агелер остварија значајна и конструктивна средба, информираат од Општината

Александар Јовановски, кој на неодамнешните локални избори стана нов градоначалник на Кичево, денеска во просториите на Општината оствари средба со амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер.

На средбата се разговараше за повеќе теми од заеднички интерес: поддршка на локалните проекти за инфраструктура и одржлив развој, можности за економска соработка и инвестиции во регионот, поттикнување културна и образовна размена помеѓу општина Кичево и американски институции и за зајакнување на партнерството во областа на демократијата и транспарентното управување. Градоначалникот ја истакна важноста на ваквата средба за отворање нови перспективи и создавање подобри услови за граѓаните. Оваа средба претставува важен чекор кон продлабочување на пријателството и соработката помеѓу Општина Кичево и Амбасадата на САД“, информираат од општината во која Јовановски го победи Фатмир Дехари, кој три мандата во низа ја извршуваше градоначалничката функција. 

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top