Македонија

Новиот македонски амбасадор Ефремов ги предаде акредитивните писма во Софија

Крум Ефремов беше примен во МНР на Бугарија од заменик-министерката за надворешни работи Иванка Ташева

Новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Софија, Крум Ефремов, денеска ѝ предаде копија од акредитивните писма на заменик-министерката за надворешни работи на Бугарија, Иванка Ташева.

Амбасадорот Ефремов изрази желба за развој на билатералните односи преку конструктивен дијалог и продлабочување на секторската соработка, вклучително и во областите на трговијата, туризмот, инфраструктурата и други.

Ташева му посака добредојде на новиот шеф на македонската амбасада во бугарската престолнина и ја потврди „конструктивна поддршка“ за европската интеграција на Македонија, „што подразбира целосно спроведување на обврските од Договорот од 2017 година и европскиот консензус од 2022 година“, соопштија од бугарското МНР.

„Ташева го истакна напредокот постигнат во спроведувањето на Договорот меѓу Владата на Република Бугарија и Владата на Република Северна Македонија за подготовка, изградба и управување со прекуграничен железнички тунел – дел од Коридорот VIII – како добар пример и илустрација за можностите и позитивните резултати што можат да се постигнат кога постои политичка волја.

Заменик-министерката за надворешни работи ја нагласи важноста на поврзаноста за економскиот развој на регионот, како и за зајакнување на врските меѓу луѓето од двете страни на границата. Таа посочи дека овие човечки врски се нашето најголемо богатство; сепак, нивното градење бара искрен дијалог и заемна почит, без провокации и говор на омраза“, се вели во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

Христовски: Мала е опасноста од терористички активности во Македонија

„Мала е опасноста од од терористички активности во Република Македонија, каква што е подолго време наназад, и покрај глобалните трендови на зголемување.“ – изјави денеска директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски, откако беше запрашан за состојбата во Македонија, поврзано со повикот на американската амбасада во Бугарија до своите граѓани за внимателност во Бугарија.

„Рамковниот“ и „преспанскиот инженеринг“ на Уставот од 17 ноември 1991 со 36-те амандмани за 35 години целосно ја урнисаа македонската „уставна приказна“ (4)

Првиот устав на независна Македонија од 17 ноември 1991 година е од редот на така наречените „национални устави“. Во најголемиот број негови суштински елементи тој беше на исто ниво и содржински и во поглед на содржаните принципи како и 165 од вкупно 189 национални устави во светот. Во изминатите 35 години до денес извршени се осум пати дури 36 амандмански  интервенции во уставот, од што двапати во преамбулата, во 2001 и 2019 година:  никаде во ниеден устав на ниедна држава во светот не се вршени упаѓања во преамбула со амандмани. Ова што се случувало со македонскиот устав од 1991 година. по барање на Грција во 1992 година, потоа „рамковниот инженеринг“ во 2001 година и бришењето на националниот, асномски карактер на Македонија како држава, па „преспанскиот инженеринг“ и бришењето дури и името Македонија на државата со амандмани во преамбула, сето тоа доволно јасно говори каков е сегашниот устав. Тој е сега идентитетски обезличен, со избришана државотворност на македонскиот народ и на неговите врски со матичната држава, за која војувал, со присилно „ампутирани“ врски и со Македонците во соседните држави како тамошни малцинства.

АНБ: Криминални структури подготвувале атентат во соседна земја

Станува збор за лица етаблирани во криминални структури во земјава кои по директни насоки на иранскиот државјанин преземаат подготвителни логистички активности за извршување на терористички акт, атентат врз претходно дефинирано лице, во Грција

Сиљановска-Давкова: Без слободни медиуми нема информирани граѓани, а без тоа демократијата ризикува да се претвори во празна форма

Новинарството не смее да биде ниту продолжена рака на владата ниту нејзин однапред определен противник, туку мора да ја преиспитува секоја форма на моќ, порача денеска претседателката на Македонија

Костадиновски: Изградбата на правна држава во која владеат правото, правдата и еднаквоста е обврска на секоја генерација

Да бидеме генерација која со своите дела ќе ја потврди својата верност кон Уставот и ќе придонесе за изградба на слободна, демократска и просперитетна држава“, се додава во честитката од претседателот Костадиновски до сите граѓани по повод Денот на Уставот“

Најнови вести

To top