Македонија

Нула толеранција од денес: Започна „Безбедна држава“ – СМС и глоба за секој прекршок

Од денес, 1 декември 2025 година, Македонија влегува во ново доба на сообраќајната дисциплина. Започна пробниот период на системот „Безбедна држава“ – електронските очи на градот повеќе нема да трепкаат.

Од денес, 1 декември 2025 година, Македонија влегува во ново доба на сообраќајната дисциплина. Започна пробниот период на системот „Безбедна држава“ – електронските очи на градот повеќе нема да трепкаат. Секој прекршок ќе биде снимен, секој сторител ќе добие СМС и е-пошта, а толеранцијата за пречекорување на брзината официјално е нула – без разлика дали сте во населба или на отворен пат.

Во првата фаза системот „Безбеден град“ ќе ги лови четирите најчести гревови: пребраза возење, поминување на црвено светло, истечена сообраќајна дозвола и непрописно паркирање. Подоцна списокот ќе се прошири.

„Ова не е казнување, туку одговорност. Кој признае веднаш – плаќа половина глоба во рок од 8 дена. Кој сака да се суди со судбината – плаќа цело по истекот на тој рок, но пред да почне присилната наплата“, објаснува портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

Плаќањето е електронско, брзо и едноставно – со еден клик на линкот што го добивате во пораката. Штом парите легнат на сметка, МВР веднаш добива потврда. За странци и за оние што планираат да „избегаат“ во странство – глобата мора да се плати веднаш, без одлагање.

Ако прекршокот носи и негативни бодови или забрана за возење, дури и да платите навреме, случајот автоматски оди на суд.

Од денеска на улица не постои „не ме видеа“. Ве видеа. И ве чекаат.

Најнови вести од: Македонија

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

To top