Македонија

„Обид да се оцрни цела заедница“: Османи за отпуштените од ДУИ што си послале за спиење во министерство

Потпретседателот на интегративците побара „оставка веднаш“ за „организираното понижување“

Потпретседателот на ДУИ и од неодамна претседател на огранокот во Чаир, Бујар Османи, побара оставка за отпуштањето на седуммина сопартијци од Министерството за односи меѓу заедниците, кои си послале во една од канцелариите, па биле испратени „да си спијат дома“, како што информира министерот Иван Стоилковиќ.

„Во Министерството за односи меѓу заедниците 40 вработени Албанци беа сместени во канцеларија без столчиња, без маси, без компјутери, без ништо. Од 7 часот наутро до 16 часот на нозе, без работа. Кога беа принудени да импровизираат седејќи на подот поради недостиг од столчиња, тоа беше искористено за да ги посрамотат: ‘Вака работат Албанците’. Потоа 7 вработени беа отпуштени, за да се всади страв. Понижувањето беше организирано, вината беше префрлена на жртвата и се прави обид да се оцрни цела заедница.

Оставка веднаш!“, напиша на Фејсбук поранешниот министер за надворешни работи.

 

Најнови вести од: Македонија

Расте интересот за сметководството: ИСОС со нови иницијативи за младите

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) изминатиот период спроведе низа активности за подигнување на атрактивноста на сметководствената професија и нејзина промоција меѓу студентите и средношколците

„Стандард и Пурс“ и „Фич“ го потврдија досегашниот кредитен рејтинг на Македонија

Македонија води кредибилни и конзистентни макроекономски политики поддржани преку долгогодишната политика на фиксен девизен курс, подобрите показатели за управуање во споредба со други земји со слични економски перформанси, како и посветеноста на реформи во рамки на процесот на пристапување во ЕУ. Ова го констатира кредитната агенција „Фич“ во последниот извештај со кој земјата го задржа и кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед.

Најнови вести

To top