Македонија

Објава на денот на Икс: Цеца ја спасува само тетоважа со „Никогаш Северна, само Македонија“

По скандалот во Велес, на српската турбофолкерка ѝ сугерираа да постапи по примерот на Тамара Тодевска со химната

Откако го навлече гневот на публиката во Велес, кадешто на синоќешниот концерт се нагрна со бугарско знаме, српската турбофолкерка Светлана Ражнатовиќ-Цеца доби сугестија од корисник на Икс за да проба да ги ресетира односите со Македонците.

„Цеца ја спасува само тетоважа со ‘Никогаш Северна, само Македонија’“, гласи објавата на денот на Икс инспирирана од постапката на Тамара Тодевска, кога по изоставувањето на делот од државната химна на Македонија со „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански…“ во американската амбасада, токму нив ги истетовира под срцето.

Најнови вести од: Македонија

Советот на Европа го затвори пост-мониторинг дијалогот со Македонија

Пратениците на Паралментарното Собрание одлучија да го затворат пост-мониторинг дијалогот и да продолжат да ги следат случувањата во земјата преку својот механизам за редовен периодичен преглед

To top