Македонија

Цеца обезбеди место во бугарската историја, вели експратеник во Бугарија

Политологот Методиев го коментира скандалот во Велес, кога српската турбофолкерка се нагрна со бугарско знаме

Според Калојан Методиев, политолог и поранешен пратеник во Народното собрание на Бугарија, српската турбофолкерка Светлана Ражнатовиќ обезбедила место во бугарската историја со нагрнувањето со бугарското знаме на концертот во Велес, прекинат поради жестоката реакција на публиката.

„Во Македонија постои жестока омраза кон сè што е бугарско. Патолошка. Необјаснива и злобна. Го прекинаа концертот на српската фолк ѕвезда Цеца Величковиќ и брутално ја исвиркаа затоа што се завитка во бугарското знаме. Една забелешка: со ова си заработи место во бугарската историја.

Соседи сме со Турците, се сложуваме со Грците, се движиме заедно со Романците во Европската унија, блиски сме со Србите на човечко ниво. Односите со Македонија се катастрофа.

Дури и како професор,  а потоа и како пратеник во парламентот, предупредував за тоа што доаѓа по балканската вертикала. За оската Будимпешта – Белград – Скопје. За антибугарската природа на трите владејачки режими. За омразата кон нас и обидите да нè искористат.

И ние сме виновни. Особено политичката елита. Исто така и малата група во политиката и дипломатијата што ја узурпира темата. И екстремните либерали, за кои ништо од ова не е важно. Затоа стигнавме до тука: исвиркувања, навреди, нè нарекуваат Татари и нелуѓе. Ни треба преиспитување и сосема нов пристап кон нашиот мал сосед. Ресоцијализација на цела политичка генерација таму, која нè сатанизира до степен на безбожност“, коментира Методиев.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top