Македонија

Обвинителите и полицијата влегоа во опожарениот објект за отпад во Трубарево

Во бели скафандери, со заштитни маски на лицата, истражители и обвинители влегоа во изгорениот магацин во Трубарево.  Се фотографираа и се снимаа остатоците  со дрон, се земаа примероци. Се собираат докази на лице место, но се истражува како се проширил до степен да го загади цело Скопје. Се бараа докази која била иницијалната каписла за […]

Во бели скафандери, со заштитни маски на лицата, истражители и обвинители влегоа во изгорениот магацин во Трубарево.  Се фотографираа и се снимаа остатоците  со дрон, се земаа примероци.

Се собираат докази на лице место, но се истражува како се проширил до степен да го загади цело Скопје.

Се бараа докази која била иницијалната каписла за пламнувањето на објектот…Увидот е отежнат поради затрупувањето со песок и небезбедност на локацијата, , па увидни екипи во рециклаторниот центар на „Ф-групација“ ќе има и во следните денови. Отпадот во кој се складирале електронски уреди и пластика го обезбедува полиција, а пожарникарите дежураат бидејќи постојано има чадења, но и во случај повторно да не се разгори.

Истрагата треба да даде одговор како настанал пожарот, но и дали правилно се складирал отпадот.

„Со оглед на затрупувањето на локацијата од безбедносни причини, увидните дејствија на терен се отежнати. По наредба на јавен обвинител, локацијата ќе остане обезбедена и во наредниот период за потребите на постапката. Таму ќе продолжат да се вршат дополнителни мерења на загадувањето од Министерството за животна средина, а на терен ќе излезе и вешто лице од областа на екологијата“ велат од ОЈО.

Во меѓувреме, судот им го продолжи притворот за нови 48 часа на четворицата осомничени кои се поврзуваат со сопственичката структура на отпадот. Според информациите од истражните органи, станува збор за 56-годишен управител и сопственик на две правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишен раководител на подружница и 59-годишен вработен во фирма.

Според обвинителството, се испитуваат и други потенцијално инволвирани лица, а привремената мерка притвор е побарана за обезбедување на доказите. По нивно анализирање МВР ќе ја срочи кривичната пријава, во која ќе бидат опфатени првичните сознанија за пожарот. Според надлежните во истрагата ќе се проверува секој документ кој го поседувал рециклаторниот центар за да функционира, но и дали ги почитувал прописите од дозволата за складирање и третирање до 20 тона дневно неопасен отпад и 500 килограми опасен отпад во текот на 24 часа.

Вонредните анализи по пожарот во магацинот за отпад во скопското село Трубарево не покажале присуство на радиоактивност во водата, ниту опасни нивоа на тешки метали во почвата, покажа извештајот на Институтот за јавно здравје. Зголемени вредности на бакар и цинк се забележани само на едно место, на површинскиот слој каде што гореле литиумски батерии, но тие се во рамки на очекуваното и не претставуваат ризик. Анализите, според надлежните, во најкус можен рок ќе бидат повторувани според утврдените протоколи.

Најнови вести од: Македонија

Мисајловски: Професионалноста и трудот на вработените во министерството и припадниците на Армијата претставуваат силен столб на македонската одбрана (ФОТО)

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска, организираше предновогодишен собир со вработените во Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

„SPORT LIFE” им подари новогодишни пакетчиња на децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби

Ова е петта година по ред, во која во пресрет на Новогодишните празници, сакаме да ја подигнеме свесноста за децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби

СДСM за Деспотовски: Квислинг и петоколонаш на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ издаде ново остро соопштение во кое го напаѓа поранешниот истакнат функционер и член Јован Деспотовски, нарекувајќи го „класичен петоколонаш и квислинг“ кој продолжува со напади на партијата во координација со „предавничката коалиција ВМРО-ЗНАМ“.

Најнови вести

To top