Македонија Хроника

Обвинителите од случајот „Онкологија“ очи в очи со фамилии на болните од рак – кој треба да одговара?!

Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски и надлежниот јавен обвинител во предметот „Онкологија“ Ана Гоговска – Јакимовска денеска остварија средба со Ана Марјановиќ и Ангелика Колева, претставнички на неформалната организација која ги застапува онколошките пациенти, со цел да ги информираат за деталите од поднесените обвиненија против лекари од Клиниката за радиотерапија […]

Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски и надлежниот јавен обвинител во предметот „Онкологија“ Ана Гоговска – Јакимовска денеска остварија средба со Ана Марјановиќ и Ангелика Колева, претставнички на неформалната организација која ги застапува онколошките пациенти, со цел да ги информираат за деталите од поднесените обвиненија против лекари од Клиниката за радиотерапија и онкологија за несовесно лекување пациенти. Како што се наведува во соопштението од Обвинителството, претставниците на организацијата биле информирани дека во текот на истрагата биле прегледани медицинските досиеја на сите онколошки пациенти кои примале биолошка терапија за период од пет години – од 01.01.2018 до крајот на 31.12.2022 година, при што технички советници на истрагата ги издвоиле историите со одредени сомненија за начинот на третирање.

  • Од сите прегледани истории, 65 беа издвоени, испратени и анализирани од вештите лица во Словенија и Србија. Словенечките експерти потврдија несоодветно лекување кај 29, а српските кај дополнителни 18 пациенти. Нивните наоди беа основ за поднесените обвиненија – посочуваат од Обвинителството.

На средбата, јавните обвинители ги информираа претставниците на пациентите дека во следните денови обвинителството ќе ги контактира пациентите кај кои вештачењата утврдија пропуст во лекувањето или нивните законски застапници со цел да ги информира и да им укаже на нивните права како оштетени. Со оглед на тоа што со овој предмет се испитуваше и се дојде до основано сомнение за повреда на највисокото уставно загарантирано право на здравствена заштита, Основното јавно обвинителство Скопје во текот на целата постапка се грижеше да обезбеди максимална транспарентност и отчетност особено во однос на пациентите, посочуваат од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство на 22 мај поднесе две обвиненија за случајот „Онкологија“. Првото се однесува на финансиски злоупотреби, а второто за третманот на пациентите.

Ана Гоговска-Јакимовска, обвинителка во случајот „Онкологија“, тогаш образложи дека дека првото обвинение се однесува на економското работење на клиниката и опфаќа две лица.

  • Првиот медицински директор, вториот економски директор. Тие се гонат за злоупотреба на службената положба, измама и проневера во службата. Делата ги сториле од 2018 до 2022 година. Тие со дејствијата прибавиле значителна имотна корист за друг и нанеле штета на Буџетот. Исто така, двата се обвинети за измама, па во вршење на службена должност, го довеле до заблуда Фондот за здравствено осигурување да изврши незаконита исплата. Набавувале лекови на реверс, без да постои правен основ на тоа. Потоа правеле постапки за јавни набавки, кои биле беспредметни, бидејќи добавувачите ги фактурирале претходно добавените лекови. Со вакви противзаконити дејствија, креирале противправни обврски на Фондот – рече обвинителката.

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев е обвинет дека прибавил имотна корист од 13 милиони денари со присвојување на дел од лековите.

  • Откако со свој потпис ќе го потпишел и одобрел лековите, фиктивно ги раздолжувал, не ги аплицирал на пациентите во чие име биле требувани. И така постои разлика помеѓу требована разлика и раздолжена количина на пациенти од 2 милиони денари. Ова е констатирано кај девет пациенти. Медицинскиот директор користејќи ја неусогласеноста на издадените лекови од аптека и примени лекови во организационите едници на клиниката, каде бил одговорен организацискиот директор – присвоил дел од лековите кои Клиниката требало да ги има на залиха. Станува збор за девет лекови – авастин, херцептин ербитукс, фубрестан… Прибавил противправна имотна корист од најмалку 13 милиони денари – рече Гоговска-Јакимовска.

Второто обвинение се однесува на третманот на пациентите. Опфаќа четворица лекари онколози. Прв обвинет е поранешниот директор на Клиниката, се товари дека извршил тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување на болни. Другите се товарат за несовесно лекување на болни.

  • Со медицинските вештачења е утврдено дека кај 29 пациенти првообвинетиот применил неподобен начин на лекување, со што, тешко го нарушил здравјето на пациентите. Во дел од случаите му било ова овозможено од вториот обвинет кој му дал факсимил и податоци за влез во системот. Другите двајца лекари се обвинети за несовесно лекување болни, бидејќи врз основа на медицинските истории, се утврдува дека одредувале лекови од новите генерации, во фаза кога било очигледно дека пациентот нема да има корист поради лошиот статус, без да се наведе висината и тежината на пациентот, со отстапување од дозирањето, со што дополнително ја влошиле нивната состојба – образложи обвинителката Гоговска-Јакимовска.

Во меѓувреме Васев и Нухиу, со одлука на Кривичниот суд добија куќен притвор за што Основното јавно обвинителство вложи жалба.

  • Јавниот обвинител е незадоволен од одлуката и бара од Апелацискиот суд да ја преиначи во ефективен притвор, бидејќи цени дека со поблага мерка не може да се гарантира непречено водење на кривичната постапка . Имајќи предвид дека со двете поднесени обвиненија на обвинетите им се ставаат на товар повеќе тешки кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, како и другите околности кои укажуваат на опасност од бегство, мерката куќен притвор не претставува доволно ефикасна заштита – наведоа во саботата од ОЈО.

Најнови вести од: Македонија Хроника

Започна обновата на Спомен-домот на Разловечкото востание во Разловци

Активно се реализира проектот за целосна обнова на Спомен-домот на Разловечкото востание во делчевското село Разловци, објект од исклучително историско и културно значење за македонскиот народ. Со проектот се исполнува повеќегодишна заложба за заштита и ревитализација на овој значаен споменик, кој претставува симбол на првото организирано македонско востание. На отпочнувањето на градежните активности присуствуваа претставници […]

Инфлацијата во јануари изнесувала 3,2%, измери Државниот завод за статистика

Индексот на трошоците за живот во јануари годинава бележи годишно зголемување од 3,2 отсто во однос на истиот месец претходната година, покажува најновиот извештај на Државниот завод за статистика. Истовремено, во извештајот е наведено дека индексот на цените на мало е зголемен за 1,2 отсто. Инфлацијата, мерена преку индексот на трошоците на живот, во јануари е намалена за 0,7 отсто во споредба со претходниот месец.

Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет – оддавање почит кон Република Македонија!

Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон Република Македонија. Во присуство на бројни претставници на Армијата на Република Македонија, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица, кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.

Ѓорѓиевски: Голем инфраструктурен проект во Чаир – се реконструира „Лазар Трповски“, до крајот на 2026 и фреквентниот булевар „Цветан Димов“!

“Денес заедно со градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити го означивме почетокот на реконструкцијата на една од клучните сообраќајни артерии во овој дел од градот, улицата „Лазар Трповски“. Проектот е клучен, бидејќи значи поголема безбедност, ред и ново достоинство за граѓаните. Станува збор за целосна реконструкција со нов асфалт на двете коловозни ленти, изградба на стандардизирани тротоари, велосипедски патеки од двете страни, уредени паркинг-простори и современ систем за јавно осветлување. Ова е современо сообраќајно решение, кое ја става безбедноста на прво место – и на возачите, на пешаците, и на велосипедистите.“ – објави на својот фејсбук-профил градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски

Македонски „административни куриозитети“: Отишла да го регистрира бебето, но ја воделе во евиденција како „почината“ речиси 20 години!

Тројца вработени во Центарот за социјални работи Тетово во СВР Тетово вчера пријавиле сомневање за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Најнови вести

To top