Македонија

Од 1 јули – забрането неовластено движење низ македонските шуми

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата ги презела сите потребни мерки за справување со пожарите во текот на оваа сезона.

 

 

 

Според премиерот,  трите противпожарни авиони се сервисирани на време, додека воените возила кои се адаптирани за интервенции во случаи на пожари се исто така прилагодени.

Исто така, од 1 јули ќе се воведе забрана за движење во шумите без соодветна дозвола.

„Владата донесе одлука за забрана на движење во шумите од 1 јули. Општините добија упатства преку ЗЕЛС да ги проверат сите колективни субјекти, депонии и други потенцијално опасни места ако ги исполнуваат условите, а ако не, веднаш да ги санкционираат. Како Влада ги презедовме сите мерки, но фактот е дека сезоната е таква каква што е…“ – изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека институциите се организирани и во координација со општините за контрола на подрачјата кои се изложени на ризик.

Надлежните апелираат до граѓаните да покажат максимална претпазливост при престој во природа, да не палат оган на отворени простори и веднаш да пријават секој сомнителен случај што може да претставува ризик за шумите и животната средина.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

To top