Македонија

Од „Пониква“ се врати првата група повредени од дискотеката „Пулс“

Престојот на планина е добар за повредените млади лица и има позитивно влијание врз нивната рехабилитација – и физичка и психички

Нова група ќе пристигне на почетокот на следната недела и ќе добие две недели медицинска нега и физикална терапија, а ќе бидат вклучени и лица со респираторни патологии, чие лекување е веќе завршено.

„Се очекува да пристигнат на Пониква во вторник и да бидат сместени во домот за одмор, додека веќе е подготвен список за третата група за рехабилитација. Престојот во планина е добар за повредените млади лица и има позитивно влијание врз нивната рехабилитација – и физичка и психичка.

Некои од нив продолжуваат со подготовките за полагање испити на факултетите, а оние кои претходно биле вработени веќе се чувствуваат подготвени да се вратат на своите работни места.

Момче кое беше повредено во пожарот кај „Пулс“ се пријави на огласот за волонтирање во Здружението на доброволни пожарникари во Кочани“, изјави Катерина Мирчовска, директорка на Општата болница со проширени активности во Кочани.

Рехабилитацијата на повредените на Пониква ја обезбедуваат лекари специјалисти од Клиниката за пластична хирургија од Скопјe, како и физиотерапевти од Кочани и Штип, кои им ја обезбедуваат потребната здравствена заштита и физиотерапевтски вежби.

Речиси сите повредени лица извршуваат физички активности и ги користат опремените спортски терени, а се вклучени и во системот „Мој термин“.

Најнови вести од: Македонија

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

To top