Македонија Бизнис

Од Скопје до Кичево повторно ќе има воз, целосно ќе се обнови пругата која скапуваше со години

Комплетно, од корен ќе се обнови пругата кон Кичево која скапуваше со години. ЕБРД ќе биде водечка финансиска институција за изработка на подготвителната документација. Таа ќе избере фирма консултант за изработка а сите документи за 18 месеци по што ќе почне реконструкцијата.

Владата одлучи целосно да ја реконструира пругата од Скопје за Кичево, информира на денешната прес-конференција министерот за траспорт и врски Александар Николоски. Ќе биде готова за 2 до 2,5 години, а се проценува дека ќе чини повеќе од 300 милиони евра

  • Ова е следна точка во делот на реконструкција на железничката инфраструктура во змејата. Во моментов невозможно е по неа да оперираат возови. Ќе ја реконструираме и електрифицираме и ќе биде поставена нова сингнализација. Разговаравме со ЕУ за гранд од 5,3 милиони евра за изработка на на физибилити  студија,  идејни проекти, проценка за влијание на животната средина и нацрт текст на апликација за инвестициски грант. ЕБРД ќе биде водечка финансиска институција за тоа. Таа ќе избере фирма консултант за изработка, а сите документи, според стандардите на ЕБРД, треба да бидат готови за 18 месеци по што ќе почне реконструкцијата – рече Николоски.

Според него, со оглед дека  новата пруга ќе биде поставена на сегашната траса нема да има дополнителни трошоци и застои за изградба на пругата.

  • Изградбата на пругата ќе трае од 2 до 2,5 години и ќе почне веднаш по завршување на постапката за подготовка која треба да биде завршена според процедурите на Европската банка за обнова и развој. Пругата ќе биде целосно нова, но за неа нема да има потреба од дополнителни имотноправни проблеми да се решаваат, нема да има експропријации – рече Николоски.

Засега не се знае колку ќе чини реконструкцијата на пругата, но Николоски  посочи дека индикативната цена е повеќе од 4 милиони евра.

  • Имам идикативна цена за делот од Скопје до Гростивар која изнесува повеќе од 4 милиони евра по километар или повеќе од 300 милиони евра ќе чинат 79-те километри пруга од Скопје до Кичево. Сите можности за финансирање на рекострукцијата на пругата ќе ги користими. Број еден ќе биде најевтини средства како што тоа е и за брзата пруга и пругата кон Бугарија – рече Николоски.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

„Реплек“ со раст на домашниот пазар од 20% во првиот квартал од годинава и зголемена дивиденда за 25%

Двоцифрената стапка на раст е резултат на континуираното унапредување на портфолиото, инвестициите во иновации, модернизацијата на производствените капацитети, како и зајакнувањето на односите со партнерите и пациентите

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top