Македонија

Одбележани 25 години од нападот на полициската станица во Теарце во 2001 и загинувањето на полицаецот Момир Стојановски

Одборот на бранители на Македонија во тетовско Теарце организираше комеморативен собир со цел да се одбележат 25 години од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски (29) при терористички напад со ракетен фрлач врз полициската станица на 22 јануари 2001-та што се смета за почеток на оружениот конфликт во текот на годината. При нападот тешко ранет беше полицаецот Давор Евросимовски, а со полесни повреди добија Борче Ѓуровски и Јахи Лика.

„Ова место длабоко е врежано во нашата лична и колективна свест. Затоа сме денес тука, да се поклониме на местото на настанот пред оваа спомен плоча, која предупредува и не потсетува на тоа. Момир Стојановски е првиот непребол меѓу останатите бранители во 2001-та година.Тие што го познаваа Момир Стојановски секогаш со гордост се сеќаваат на него како храбар, чесен граѓанин, другар и колега. Тој и сличните на него нѐ ставија на тест да се запрашаме дали е доволно тоа што ние го правиме за нашата држава ако едно толку младо и способно момче ја пролеа и последната капка крв за Македонија. Едно е сигурно-Момир Стојановски стори се за татковината, а ние ќе сториме се тој и сите херои да не бидат оставени на заборавот“, истакна Марин Најдов, претседател на Одборот на бранители.

Одбележувањето се одржа на местото каде што во 2001 година постоела полициска станица, за која веќе повеќе од една деценија има објект на друго место. Објектот каде порано постоела станицата е во приватна сопственост па Одборот бара спомен плочата за Момир која се носи за денот на одбележувањето трајно да биде поставена кај новиот објект на полициската станица во Теарце.

„Во оваа прилика сакам да апелирам до Министерот за внатрешни работи да ја разгледа нашата Иницијатива од 07.02.2011 г. оваа плоча да се стави во Полициската станица во с. Теарце, бидејќи ова место каде во тоа време била Полициската станица денес е приватен имот, а и условите не се соодветни за овој чин“, истакна Марин Најдов.

Пред спомен плочатата на Момир Стојановски беше оддадена почит со минута молк, а беше положено цвеќе од Одборот на бранители, СВР Тетово, политичка партии и организации.

Тетово инфо

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението

Најнови вести

To top