Македонија

Одложени судски рочишта против Мерко и за родилката од Дебар, парична казна за адвокатот на првообвинетите

Во Основниот суд во Струга денеска

Во Основниот суд во Струга денеска повторно беа одложени судските рочишта против поранешниот градоначалник Рамис Мерко за незаконско поставување спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда и за склучен договор за осветлување на дел од речното корито на Црн Дрим, како и за случајот со родилката Јилдиз Веапоска од Дебар, на која по породувањето во Болницата во Струга и биле остранети три органи, за што на обвинителка клупа седнаа тројца лекари гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска.

Причина за одлагањето, како што истакна судечкиот судија Јордан Јованов, е отсуството на бранителот на првообвинетите во трите предмети, за што Судот одлучи да биде казнет парично со по 1.000 евра од предмет, односно вкупно 3.000 евра.

– Бранителот на првообвинетите побара одлагање повикувајќи се на истиот предмет за кој што бараше одлагање и на 7 ноември. Тоа значи дека во времето кога е добиена новата покана бранителот веќе знаел дека има закажано овдека и други рочишта, меѓутоа ги одлага сите овие рочишта заради тоа едно кое што е во ОЈО Битола, изјави Јованов.

Тој посочи дека не е преземена никаква реакција за еднаш тоа судење или сослушување да се одложи иако се знае дека во Судот во Струа има услови за одржување на рочиштата, за кои континуирано се бара одлагања.

– Изречена му е парична казна во висина од 1.000 евра, предвидена во Законот за кривична постапка заради злоупотреба на права што им припаѓаат на странките и таква санкција е изречена за секој предмет посебно, појасни Јованов.

За случајот со Веапоска, покрај паричната казна, поради повеќекратни одлагања, судот донесе решение да биде определен нов бранител, кој ќе ги застапува интересите на обвинетите.

– На ваков начин нема да се пролонгира судскиот процес. Во случај на неможност да дојдат било кој од бранителите на обвинетите тој може да ги застапува, бидејќи ќе се запознае со списите на целиот предмет и ќе може да ги брани интересите на кои било од нив, истакна Јованов, нагласувајќи дека досегашниот адвокат нема да биде повикуван од судот на рочишта, но не ја изостава можноста странката да го повика.

Тој останува на ставот за минимално одлагање на рочиштата со цел брзо завршување на постапката.

Доколку слчајот, кој застарува во август идната година, нема завршница до крајот на месецот, оштетената Веапоска најави протести во нејзиниот роден град Дебар, пред Струшкиот суд и пред Кривичниот суд во Скопје.

– Јас барам правда за мене и да нема  друга жена оштетена како мене. Докторите да одговараат за своите грешки и да нема чекање за судски одлуки, истакна Веапоска.

Судскиот процес за случајот со родилката од Дебар, на која по породување со царски рез во Болницата во Струга и биле отстранети, јајник, матка и бубрег, ќе продолжи в среда, со презентација на извештајот од супервештачењето.

Најнови вести од: Македонија

Трендафилов се претставува како жртва, а зема плата од скоро 1.000 евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Од пратеничката група сметаат дека Слободан Трендафилов ќе остане запаметен како „синдикалец“ кој нема склопено ниту еден договор корисен за македонскиот работник во текот на целиот негов мандат. Сметаат дека нападот врз Стојаноска е само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и велат дека Трендафилов треба веднаш да си поднесе оставка и наместо да глуми жртва по медиуми, да подготви одбрана пред истражните органи за своето расипништво.

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ видеото со децата на Трендафилов не е напад врз семејство

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ објавеното видео не е напад, туку „огледало во кое Трендафилов не може да се погледне“, а „нападот“ врз Стојаноска бил само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и кој кога нема аргументи, се служи со навреди и етикетирања.

(Фото): Претседателот на ССМ, Трендафилов, бара истрага – вели: „Ми ги следат децата“

Во пресрет на блокадата од страна на ССМ кон бизнис секторот, а во врска со барањата за минималната плата и повисоки плати на работниците, претседателот на ССМ Трендафилов побара сите надлежни институции да реагираат на објавата на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска. Трендафилов бара кривичен прогон за лицата кои ги следеле неговите деца.

Цветановски: Изјавите на Лејла Кадриу за случувањата во СЈО не се изненадување за правосудната фела

„Можеби за дел од јавноста изјавите на колешката Кадриу беа изненадување, но сигурен сум дека за правосудната фела, особено моите колеги обвинители, не. Кадриу само го потврди тоа што потајно се шпекулираше за случувањата зад затворени врати во СЈО. Сега тоа не се шпекулации, туку потврдување од сведок кој лично ги увидел состојбите“, вели обвинителот Јово Цветановски во интервју за „Република“ .

ВМРО ДПМНЕ: Не Стојановска, туку Трендафилов да одговара за злоупотреба на службено возило за приватни цели!

„Наместо да се сокрие од срамот пред македонскиот работник, претседателот на Сојузот на синдикатите Слободан Трендафилов одбра со невидена дрскост, паника и нервоза да ја напаѓа пратеничката Дафина Стојаноска, глумејќи жртва за да го прикрие сопствениот скандал. Додека лицемерно ги повикуваше пратениците да одат пешки, ‘синдикалецот’ Трендафилов истиот ден се појави на протест со службено возило, а јавноста веќе виде како тоа исто возило се користи за семејни потреби како да е негова приватна сопственост.“ – реагира пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Украл бакарни кабли вредни 200 илјади евра од градилиштето за подземниот булевар во Скопје!

Вработен во обезбедувањето на подземниот булевар во изградба кај комплексот Дајамонд во центарот на Скопје заврши со лисици на рацете. Полицијата го товари дека за еден месец украл околу два километра бакарни кабли од градилиштето за подземниот булевар. Според информацијата на МВР вредноста на украдените бакарни кабли изнесува околу 200 илјди евра.

ВМРО-ДПМНЕ предлага уште пет години рок за легализација на бесправно изградените објекти

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, по скратена постапка, за да не останат граѓаните со нерешени статуси за своите домови, поради административни пречки, или бавни процедури.

Најнови вести

To top