Македонија

Одрон на патниот правец Охрид-Св.Наум

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата се до расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот

На патниот правец Охрид – Св. Наум, на потегот од с. Трпејца – Св. Наум, од 9,36 часот утрово сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради одрон.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата се до расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Од АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски со честитка за Рамазан Бајрам: Како народ отсекогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг

Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и на духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе – почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот.

Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам

Рамазан Бајрам доаѓа по едномесечниот строг пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце. Во сите џамии, денеска се служи утрински Бајрам-намаз. По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини.

To top