Македонија

Официјално: Поранешниот градоначалник на Карпош мора да се јави во затворот „Шутка“ најдоцна до 2 јули

Согласно законските процедури, судијата за извршување на санкции официјално му го достави упатниот акт на С.Ј., со што се утврдува обврската осудениот да ја издржи едногодишната затворска казна.

Согласно законските процедури, судијата за извршување на санкции официјално му го достави упатниот акт на С.Ј., со што се утврдува обврската осудениот да ја издржи едногодишната затворска казна.

Според одлуката, С.Ј. е должен да се јави во Казнено-поправната установа Затвор Скопје најдоцна на 2 јули 2026 година, за да го отпочне издржувањето на казната. Упатниот акт е издаден врз основа на правосилната пресуда, а осудениот е подробно известен за своите обврски, како и за можните последици доколку не се придржува кон определениот рок.

С.Ј., кој во минатиот мандат ја водеше Општина Карпош, е една од познатите политички личности во скопскиот регион. Казната од една година затвор доаѓа како резултат на правосилна судска одлука, а случајот продолжува да предизвикува значителен интерес кај јавноста.

Согласно Законот за извршување на санкциите, во случај на нејавување во определениот рок, следуваат присилни мерки, вклучително и полициско приведување. Засега нема официјални информации од страна на С.Ј. или неговите правни застапници за евентуални правни лекови или барања за одложување на извршувањето на казната.

Со оваа одлука, судот ја заокружува една важна фаза од судскиот процес против поранешниот градоначалник, а настанот останува во центарот на вниманието на медиумите и граѓанската јавност во главниот град.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

Се разгледуваат две локации за новиот Клинички центар во Скопје – вложувања во здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите за изборот на парцелата треба да завршат до крајот на годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, Владата подготвува инвестиции во три здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево, при што реализацијата на првиот проект би можела да започне во летото 2027 година.

Јани Макрадули осомничен дека ја оштетил „Пошта“ речиси за 180 илјади евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.

Стефаноски: СДСМ, западнат во очај и хистерија, го гледа како млада невеста „потенцијалот“ на комшијата, а не на сопругот дома! (ВИДЕО)

Очајна и хистерична состојба, вака аналитичарот Милан Стефаноски во „Колегиум“ ја констатира ситуацијата во која СДСМ инфантилно се прогласи за победник на изборите во Брвеница. Да изгубите четири наспрема еден, да бидете четврта партија на теренот и притоа да тврдите дека имате раст, според Стефаноски е загрижувачка психичка состојба.

To top