Македонија

Охридскиот суд: Нема докази за напад врз Пендиков

Претходно осудени на по осум месеци затвор, сега ослободени

Основниот суд во Охрид денеска ги ослободи од вина Борче Ангелов и Илија Спасески во случајот со наводниот физички напад врз Христијан Пендиков.

Според пресудата, нема докази дека е извршено кривичното дело што им се става на товар, ниту пак дека постоел етнички мотив.

Рочиштето завршило без изведување нови докази. Судот оценил дека не може да се утврди оти двајцата обвинети го сториле делото, како и дека етничката мотивација останува недокажана.

Претходно, во првостепената постапка, Ангелов и Спасески беа осудени на по осум месеци затвор за нанесување тешка телесна повреда. Апелациониот суд во Битола го врати предметот на повторно судење, а денешниот епилог беше ослободителна пресуда.

Адвокатот на Пендиков, Стефан Камишевски, изразил незадоволство од одлуката, оценувајќи дека судијата практично ја променил сопствената претходна пресуда.

„За нас е неспорно дека делото е извршено од етнички причини. Во текот на целата постапка не се појавија никакви други факти или докази што би укажувале на друг мотив“, изјавил Камишевски.

Тој посочил дека одбраната на Пендиков нема право на жалба во оваа фаза од постапката и дека понатамошниот тек зависи од Обвинителството, од кое се очекува да поднесе жалба до повисокиот суд.

Пендиков рекол дека се срами од пресудата. „Да имаш ослободителна пресуда покрај сите презентирани видеодокази е срамно. Со оваа одлука судот дава зелено светло секој што се самоопределува како Бугарин во Македонија слободно да биде тепан, без никој да сноси последици“, изјавил Пендиков.

Во судницата во Охрид присуствувале и пратеници од Бугарија, кои дошле да му дадат поддршка на Пендиков.

Нападот врз Пендиков во јануари 2023 година предизвика дипломатски реакции и дополнителни тензии во односите меѓу Скопје и Софија.

Пендиков е поранешен секретар на здружението „Цар Борис Трети“, кое беше избришано од Централниот регистар на Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности, стои во […]

(Фото): Лукровски во Охрид ја подигна наградата „Младински пријателски град“

Пораката од форумот беше дека квалитетната младинска работа и функционалните младински центри се клучни за враќање на довербата на младите во институциите и создавање услови тие својата иднина да ја градат во сопствените општини.

(Фото): Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.

Уште во 2023 претходната влада на СДСМ и ДУИ стапила во деловни односи со „Алта банка“ – Белград и Давор Мацура од Србија, дозволувајќи им влез во РМ

Претходната влада на СДСМ и ДУИ влегла во деловни односи со Алта банка – Белград и Давор Мацура во Србија уште во 2023 година кога на владина седница била донесена одлука да го овласти државниот правобранител во име на владата да ги отуѓи акциите што Македонија ги имала во српска банка, која Алта банка ја купува. Тогаш државата влегла во деловен однос со Алта банка и Давор Мацура. Купувањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка не е поврзано во никој случај со сегашната Влада бидејќи станува збор за две правни лица и трансакцијата е во согласност со сите прописи, закони и со Уставот, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Предвремени парламентарни избори ѝ одговараат на ВМРО-ДПМНЕ, но неодговорно е да се одржат, оти ѝ штетат на Македонија

Христијан Мицкоски, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека во моментот е неодговорно кон државата да се организираат предвремени парламентарни избори иако, како што вели, ако се гледа од политички аспект на неговата партија, тоа ѝ одговара.

To top