Македонија

Охриѓанец со владиниот авион пренесен во Германија, чека пресадување срце

Од СОЗР потврдија дека пациентот е со тешка срцева болест и подолго време бил сместен на Клиниката за кардиохирургија, а бил квалификуван за пресадување срце.

Бидејќи здравствената состојба на охриѓанецот се влошува и бара побрз третман, а во Македонија нема соодветен давател, за да се изврши пресадувањето на срцето,  одобрен е авионскиот превоз на пациентот.


Преку постапка за лекување во странство која се одвива преку ФЗОМ и со помош за Министерството за здравство, пациентот бил упатен во Клиничкиот центар во Берлин, од каде што е прифатен за третман за стабилизирање на состојбата и подготовка за пресадување, за чие извршување се чека да се појави соодветен давател.


Пред десетина дена со владиниот авион од Бодрум, Турција, во Македонија беше префрлено младо момче кое се здобило со тешка повреда, скршеница на ‘рбетен пршлен по пад од тобоган. Поради сериозноста на повредата момчето не можеше да биде пренесено со редовен комерцијален лет, ниту со возило.

Најнови вести од: Македонија

Васил Ивановски-Бистришки им одржа на Бугарите и Грците „лекција“ за постоењето на Македонците десет години пред „Тито да ги измисли“! (1)

„Како бугарскиот, така и српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека тие немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика,  ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме ниту Срби, ниту Грци, ниту Бугари, туку одделна и самостојна македонска нација

To top