Македонија

ОМД до градоначалникот на Лерин: Цензурирањето на уметничкото и културното изразување врз основа на јазикот е кршење на основните човекови права

Обединетата македонска дијаспора со остра осуда за прекинот на изведбата на „Софка на татко“ на македонски јазик во Грција

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) остро го осуди прекинувањето на изведбата на македонската народна песна „Софка на татко“ од бендот „Банда ентопика“ во Лерин на „забранетиот (македонски) јазик“ од градоначалникот Василеос Јанакис.

„Цензурирањето на уметничкото и културното изразување врз основа на јазикот претставува јасно кршење на основните човекови права и е во директна спротивност со обврските на Грција според Европската конвенција за човекови права и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права. Слободата на изразување, културното учество и правото на јазичните малцинства да го користат својот јазик се основни принципи на европската рамка за човекови права – а не дискрециони привилегии предмет на локален политички притисок.

Овој инцидент не е изолирано културно несогласување. Тој одразува долгогодишен и добро документиран модел во делови од северна Грција (Егејска Македонија), каде што македонскиот јазик и идентитет продолжуваат да се третираат како нелегитимни или заканувачки, и покрај децениските наоди од меѓународните организации за човекови права.

ОМД ги повикува грчките власти, Советот на Европа и институциите на Европската унија да го истражат овој инцидент, да обезбедат одговорност и да гарантираат дека општинските службеници ги почитуваат правата на малцинските јазици, и во законот, и во пракса. Културното изразување никогаш не треба да биде замолчено во демократско општество.

Кредибилитетот на Европа во однос на човековите права зависи од доследната и еднаква примена на нејзините стандарди – во рамките на земјите-членки на ЕУ, како и надвор од нив“, стои во реакцијата на најголемата организација на македонските иселеници во светот со седиште во Вашингтон.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

„Дали ти изгледам како идиот?!“ – сопственикот на „Авалон“ кон новинарка, која праша колку ќе чини концертот на Дејвид Гета

Дали ти изгледам јас како идиот? Вака сопственикот на „Авалон продукција“ Бобан Милошески, ѝ се обрати на новинарка, која на денешната прес-конференција го праша зошто досега не е објавено во јавноста колку ќе чини настапот на Дејвид Гета. Ова го објави порталот „360 степени“

To top