Македонија

ОМД: Најголемата почит кон минатото ја покажуваме преку нашите дела денес

Слободата не ни била дадена, туку изборена со големи жртви и единство

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, потсетувајќи на историското значење на овој датум и на жртвата на борците за слобода.

Во честитката од ОМД се наведува дека на 11 Октомври 1941 година „храбрите синови и ќерки на Македонија се кренаа против фашистичката окупација, водени од непоколебливата верба во слободата, достоинството и правото на сопствена иднина“.

Од организацијата порачаа дека слободата не била дадена, туку изборена со големи жртви и единство.

„Нивната храброст и пожртвуваност нè потсетуваат дека слободата никогаш не била подарена, туку изборена со решителност, единство и огромни жртви“, стои во честитката.

ОМД нагласува дека денес, 85 години подоцна, останува обврската за зачувување на македонскиот идентитет, јазик, култура и историја.

„Нашата должност е да го зачуваме она за кое тие се бореа – нашиот македонски идентитет, јазик, култура, историја и правото гордо да се нарекуваме Македонци“ порачаа од ОМД.

Од Обединетата македонска дијаспора истакнуваат дека оваа одговорност не познава граници и дека продолжуваат да работат на поврзување на македонските заедници ширум светот.

„Најголемата почит кон минатото ја покажуваме преку нашите дела денес – се наведува во честитката по повод 11 Октомври – Денот на народното востание“ се вели во честитката од ОМД

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: 11 Октомври е неизбришлив спомен и вечен завет за чување и развој на татковината

Идеја водилка на востанието пред 85 години, како народен отпор беше вековниот стремеж за слободна македонска држава. Востанието прерасна во Народноослободителна борба, низ која, со крв, саможртва и непоколебливост на знајни и незнајни јунаци, се трасираше патот кон АСНОМ

To top