Македонија

Опомени и казни: Инспекцијата на терен во општина Карпош

Покрај опомените до физички лица, комуналните редари изрекоа и седум прекршочни налози за неправилно одлагање на отпадот. Инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел одржување на комуналниот ред и почиста и поуредна општина.

Општина Карпош продолжува со редовните инспекциски контроли на терен, согласно утврдениот план за работа на инспекциските служби. Во текот на изминатата недела, контролите се реализираа во попладневните и вечерните часови, во повеќе групи и на критични точки на територијата на општината.

  • Покрај изречените опомени до физички лица, комуналните редари изрекоа и седум прекршочни налози за неправилно одлагање на отпадот. Инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел одржување на комуналниот ред и почиста и поуредна општина, велат од општината.

Општина Карпош апелира до граѓаните совесно и соодветно да го одлагаат отпадот и да придонесат за почиста и поуредна животна средина.

Најнови вести од: Македонија

Лиав Оргад и Виолета Ачковска: Уставните измени од 16.11.2001 ја избришаа Македонија како национална држава на македонскиот народ, но и придобивките од АСНОМ!

 На 16 ноември 2001 година Собранието на Македонија ги прогласи 15-те амандмани на уставот, кои произлегоа врз основа на Охридскиот рамковен договор од 13 август 2001 година. Амандманите 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16 и 17  станаа составен дел на највисокиот правно-политички акт на Македонија. Овие 15 амандмани на уставот на Македонија од 17 ноември 1991 година означија длабоки и суштински, би се рекло тектонски промени во уставниот поредок и политичкиот систем на државата. Македонија престана да биде национална држава на македонскиот народ. Првпат во историјата на конституционализмот е сменета една преамбула без да се донесе нов устав.

Митевски: Мисирков и кога немавме држава согледа што го дефинира идентитетот на македонскиот народ! Денес се чува неговата идеја!

„Симбол на интелектуалната храброст, на научната посветеност и на стремежот кон македонската национална самобитност. Најдостоинствен начин да го чествуваме Мисирков е неговите идеи да не останат само дел од историското паметење, туку да бидат поттик и инспирација за современата научна и културна дејност.“ – ова се некои од пораките од отворањето на третото издание на манифестацијата „Мисиркови денови“, која годинава е посветена на 100-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков (1874–1926) – прв кодификатор на македонскиот јазик, славист, историчар, публицист, етнограф и преведувач.

„Н.М.“: Македонските граѓани децидно против „Бугари во Устав“ во замена за „преговори со ЕУ“!

„Францускиот предлог за надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија (влез на Бугари во Устав за почеток на преговори со ЕУ), според истражување на јавното мислење спроведено од три независни агенции, никако не успева да обезбеди поширока општествена поддршка.“ – се нагласува во анализата, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Во пресрет на CES 2027, најновите производи на „Samsung“ препознаени од Асоцијацијата за потрошувачка технологија

Компанијата освои CES® 2027 награди за иновации за своите мобилни уреди, уреди за домашна забава, апарати за домаќинство и полуспроводници.
Galaxy Z Fold8 Ultra и Z Fold8 прогласени за “Најдобра иновација” во категоријата мобилни уреди на CES наградите за иновации

To top