Македонија

Опожарени возила во Пинтија: Некој организирано пали низ Скопје за да предизвика паника(ВИДЕО)

Во текот на изминатиот ден, бил запален сервис на возила во стаклара кај скопската населба Пинтија.

Во текот на изминатиот ден, 15 септември, понеделник, бил запален сервис на возила во стаклара кај скопската населба Пинтија. На видеото можат да се видат повеќе опожарени возила и лице во дуксерка во раните утрински часови како го подметнуваат пожарот.

„Еве како организирано се пали низ Скопје. Сценарио за кревање паника и за политички поени“, се вели во описот на видеото.

Видеото во целост може да го погледнете  подоле на нашиот инстаграм профил

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Expres (@expres_mk)


Според Центарот за управување со кризи пожарот бил изгаснат во раните утрински часови по тешка акција на службите.

„Рано утрово пред 4.00 часот изби тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над Стаклара во метстото наречено Каменик) во кој имаше повеќе автомобили, уље и други запаливи предмети.

БППЗ Скопје веднаш излезе на лице место и со 8 возила после тешка борба со огнот, пожарот беше изгаснат пред 6.00 часот.

Детали за случајот се очекуваат и од другите надлежни институции.

Најнови вести од: Македонија

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

To top