Македонија

Општина Аеродром поднесе кривична против ЈП „Комунална хигиена“

Јавното претпријатие веќе десетина дена не ја спроведува својата основна дејност, односно одржување на хигиената на подрачјето на град Скопје

Општина Аеродром поднела кривична пријава против Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје за загрозување на животната средина бидејќи десет дена не го собирало отпадот на повеќе локации во општината.

Од Општината во пријавата која е испратена до Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи се наведува дека отпадот во оваа општина не се собира од 15 септември.

„На повеќе локации во општината комуналниот отпад не е собран во и околу садовите со што се загрозува животната средина, односно средината во која се движат луѓето. Поради ненавременото собирање на отпадот од домаќинствата секојдневно има исцедок од садовите за смет од кој се шири непријатна миризба, а се нагрдува и просторот“ се вели во пријавата.

Од Општина Аеродром велат дека нивните екипи во изминативе 3 дена соберале 24 тони комунален отпад од домаќинствата во Аеродром, работа која градското комунално претпријатие не ја изврши.

„Свесни сме дека поради оваа вонредна ситуација можеби беа запоставени редовните активности односно чистење на плочници, тротоари и сервисни улици, косење, гребење и уредување на зеленилото, празнење на кантите за џебен отпад, собирање на лисја, гранки и на неколку места и кабаст отпад.

Се извинуваме на сите жители за непријатностите и бараме разбирање“, соопштија од Општина Аеродром.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top