Македонија

Оружен напад во Арачиново: Пукано кон „шкода“ со две лица, има повредени

Две лица се повредени, откако било пукано кон автомобил, во кој се наоѓале на улицата „18“ во Арачиново.

Пукањето било пријавено утрово во 5:45 часот во СВР Скопје. Полициски службеници од Полициското одделение Арачиново и од Единицата за интервентна полиција излегле на местото и утврдиле дека било пукано кон автомобил „шкода“ со скопски регистарски ознаки.

Во возилото се наоѓале И.И.(34) и Ш.И.(42), кои се здобиле со повреди. Тие биле пренесени во болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје за укажување лекарска помош.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на вооружениот напад.

Најнови вести од: Македонија

To top