Македонија

Османи индиректно призна дека се среќавал со Груевски во Будимпешта?

Наместо отворено да каже „не, немав состанок“, Османи се обиде да го релативизира скандалот

Кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, денеска одби да ја негира шпекулацијата дека имал средба со поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски.

Османи се вадеше со „државни тајни“ и „класифицирани“ информации. Албански медиуми заклучуваат дека на тој начин Османи индиректно признавал дека таква средба се случила во времето кога тој ја извршувал функцијата министер за надворешни работи.

Новинарот прашал:

– Дали имало или немало средба меѓу Бујар Османи и Никола Груевски?

На ова, Османи со следниот одговор:

– Средбите на министрите за надворешни работи се класифицирани средби и по закон не можат да се откријат. Дури и да имало нешто такво, тоа ќе било во рамките на функцијата на министерот за надворешни работи – рече Османи.

Дали оваа изјава на Османи е признание дека имал средба со Никола Груевски во Унгарија, факт што фрла сериозни сомнежи за неговите и политичките врски и игри на ДУИ, коментираат албански медиуми.

Наместо отворено да каже „не, немав состанок“, Османи се обиде да го релативизира скандалот, ставајќи го под маската на „службена должност“, изговор што отвора уште повеќе прашања.

 

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

To top