Македонија

Османи: Македонија да се уреди како Јужен Тирол!?

Османи се запознал како институциите на Јужен Тирол изградиле конкретни механизми за заштита на јазичните права, пропорционалната застапеност и учеството на заедниците во јавниот и институционалниот живот.

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција и поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија, месецов беше во работна посета на Јужен Тирол, со фокус на моделот на автономија, совладеење, заштита на заедниците и јазична еднаквост.

Јужен Тирол, инаку е автономна покраина во Северна Италија.  Нејзиното официјално име е Автономна покраина Болцано-Јужен Тирол, односно на трите официјални јазици: Autonome Provinz Bozen – Südtirol на германски; Provincia autonoma di Bolzano – Alto Adige на италијански, и Provinzia autonoma de Bulsan – Südtirol на ладински, одразувајќи ги трите главни јазични групи на кои им припаѓа населението на покраината.

За време на посетата, Османи се запознал како институциите на Јужен Тирол изградиле конкретни механизми за заштита на јазичните права, пропорционалната застапеност и учеството на заедниците во јавниот и институционалниот живот.
Во рамки на посетата, Османи ја посети Канцеларијата за јазични права и човекови права при Парламентот на Јужен Тирол, каде што се разговараше за институционалните и правните механизми кои ја гарантираат употребата на јазиците, заштитата на правата на заедниците и спроведувањето на принципите на еднаквост.

„Јужен Тирол е еден од најконсолидираните европски модели на автономија, совладеење и јазична еднаквост. Она што е особено важно е што овие принципи не остануваат само на политичко ниво, туку се поддржани со уставни, законски и институционални гаранции“, рече Османи.

Според Османи, искуството од Јужен Тирол е од посебно значење за Македонија, не како модел што треба механички да се преслика, туку како европско искуство од кое може да се извлечат поуки за зајакнување на механизмите на соживот, еднаквост и учество на заедницата.

„Охридскиот рамковен договор ѝ даде на С. Македонија важна архитектура за меѓуетнички соживот. Искуството од Јужен Тирол покажува дека без силни институции, доследна примена на законот и јасни механизми за гарантирање на правата, принципите на соживот остануваат незаштитени. Затоа, наша задача е да ја заштитиме и зајакнеме оваа архитектура со нејзино придвижување во согласност со европските стандарди“, нагласи Османи.

 

Најнови вести од: Македонија

ЦУК: Огнената стихија запре

  Заклучно со 7:30 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно 20 пожари на отворени површини, информираат од Центарот за управување со кризи. Според информации, нема активни пожари, ниту пожари кои се под контрола, додека сите 20 се изгаснати. Пожари се регистрирани во повеќе општини меѓу кои Желино, Велес, Кичова, Македонски Брод, Сопишти, Врапчишти, Ранковци, […]

To top