Македонија

Османи: Не влегов во оваа изборна трка, за да ја водам општината, туку да ја канализирам оваа енергија на гнев, на револт?!

Потпретседателот на ДУИ и кандидат на нивната коалиција Национална алијанса за интеграција Бујар Османи во својата предизборна кампања се огласи со зачудувачка порака дека „не влегол во изборната трка, за да биде градоначалник на Чаир, туку за да ја насочувал енергијата на револтираните граѓани“, со што предизвикува забуна во јавноста како да го сфати: зошто воопшто се кандидирал за градоначалник, ако нема намера да раководи со неа по изборите, во случај да победи?! Дали Бујар Османи несвесно направил јазична грешка, или не сакајќи признал дека учествува на локалните избори од некои сосема други политички мотиви, а оти ниту Чаир, ниту решавањето на потребите на граѓаните не му се воопшто навистина во планирањата?!

„Кандидатот за градоначалник на Чаир Бујар Османи оцени дека неодамнешните јавни собири и масовното учество ја одразуваат новата енергија, што преовладува во општината и која претставува јасна порака за потребата од промени. Како што нагласи, пораката што ја слушнал за време на средбите од врата до врата и на јавните настани, е дека жителите бараат достоинство и подобар живот.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“

Натаму порталот наведува: „Се случува нешто необично: еден вид на мобилизација, која не е типично партиска. Дојдоа многу голем број на луѓе: минатата година гласавме за нив, но грешевме. Сега сакаме да ја поддржиме вашата кауза. Дојдоа и неопределени луѓе, кои ми кажаа: никогаш не сме гласале, никогаш не сме излегле на гласачки места, сме биле аполитични. Но, овој пат не треба да молчиме. Ова е енергија, што врие.“ – рече Османи.

Тој нагласи дека мобилизацијата на граѓаните, без оглед на нивната етничка или политичка припадност, е доказ за желбата за враќање на достоинството и изградба на нова политичка култура во Чаир. „Од првиот ден реков: Не влегов во оваа трка, за да ја водам општината, туку да ја канализирам оваа енергија на огорченост, на револт, што ја гледам од сите, што сум ги сретнал. Сретнав илјадници луѓе во текот на овие три месеци од кампањата. И тие зборуваат за нашето национално достоинство, што е одземено и понижено, но зборуваат и за достоинството на животот во Чаир.“ – нагласи кандидатот за градоначалник на Чаир Бујар Османи.

Според него, Чаир денес се соочува со сериозни проблеми: улици полни со ѓубре, паркови каде што децата си играат во калта, комерцијални градби без дозвола, што им го одземаат воздухот и водата на граѓаните, колабиран сообраќај, како и небезбедни патишта со оштетено осветлување. Бујар Османи најави план за промени: создавање општинска служба за хигиена со 120 вработени, кои ќе се грижат за чистотата на секоја улица; воведување целосна транспарентност преку пренос во живо на тендерите, за граѓаните да можат да видат како се трошат нивните пари; забрана за неовластено комерцијално градење и заштита на оние, кои биле измамени при купување станови; како и урбанизација на Чаир, заради ослободување простор за зеленило и јавни површини.

„Нема да има повеќе комерцијално градење без дозвола. Ќе има ред. Никогаш нема да се случи под мое водство градење згради, што некој помислува да ги реализира, заради лична корист, без да плаќа даноци, Никогаш повеќе нема да се случи Чаир да биде прогласен како највалкана општина во Скопско. Нашата мисија е да ја вратиме општината во рацете на граѓаните, со чесност, дисциплина и посветеност.“ – рече Османи. – објави „Тетова сот“.

Најнови вести од: Македонија

Може ли Мерко да си го купи службеното „ауди“?

Мерко беше обвинет и гонет за злоупотреба на службената положба, затоа што набавил четири службени возила меѓу кои и аудито, во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка, сепак, на почетокот на јуни 2025 година беше ослободен од вина

До 5-ти февруари аплицирање на студентски оброк

Правото на субвенциониран студентски оброк е наменето за редовни студенти на додипломски студии со месечен приход понизок од минималната нето плата, како и за студенти запишани на постдипломски и интегрирани студии на државните и приватните универзитети во земјава

Новинарката Лиридона Вејсели испрати жалба до апелација

Новинарката Лиридона Вејсели поднесе жалба до Апелациониот суд против пресудата на Основниот суд во Гостивар, со која е осудена на глоба од 700 евра за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ – поради тоа што во својот новинарски текст го објавила името и презимето на судијата Назиф Иљази од Основниот суд во Тетово.

To top