Македонија

Османи потрошил 120 милиони денари за самит на ОБСЕ, а нема документи за тоа

Кој ги одобрил овие трошења и со каква цел? Кој ги скрил документите? Дали истите тие средства завршиле во џебовите на фирми блиски до ДУИ?

Нема било каков доказ за тоа како се потрошени 120 милиони денари при организацијата на самитот на ОБСЕ е уште еден јасен доказ за нечесноста и незаконитото работење на Министерството за надворешни работи под водство на Бујар Османи, наведува партијата ВРЕДИ во соопштение кое МИА го пренесува интегрално.

Наместо транспарентност и отчет, единствената „победа“ за Османи беше да го прими рускиот министер Сергеј Лавров во Скопје, потег кој предизвика негативни реакции и сериозни сомнежи во надворешнополитичката ориентација на Османи и партијата од црната листа ДУИ.

Јавноста треба да знае:

Зошто нема документи, фактури или извештаи за потрошените 120 милиони денари?
Кој ги одобрил овие трошења и со каква цел?
Кој ги скрил документите?

Дали истите тие средства завршиле во џебовите на фирми блиски до ДУИ?

Државниот завод за ревизија е инстуција која е должна прва да алармира за незаконско трошење на парите на граѓаните. Тоа ДЗР го направи јасно за Бујар Османи.

Во последните два дена се потврдува дека Бујар Османи е дел од сите клучни договори и бизниси на ДУИ, но и средби со српските функционери, токму во периоди кога на македонскиот пазар влегуваат компании, казина е телекомуникациски оператори со контроверзно потекло и сопственици.

Сега е јасно дека Бујар Османи нема кредибилитет да зборува за „странско влијание“ или за „заштита на националните интереси“, затоа што токму тој е човекот во чиј мандат како Министер за надворешни работи се отворија вратите за сомнителни бизнис-дилови и за дипломатски скандали кои ја рушат репутацијата на Македонија.

Граѓаните заслужуваат одговори, а институциите мора да покренат постапки, прозиваат од Вреди.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси коишто ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царина и Јавното обвинителство, рече Тошковски.

Петрушевски: Паника и хистерија во СДС, кој ќе седне на обвинителна клупа по сведочењето на Груби?!

Осврнувајќи се на темата за поранешниот вицепремиер Артан Груби во владата на СДС, пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски истакна во емисијата „Анализа“ на ТВ 24 дека би требало институциите независно да постапуваат во тој случај. Според него, опозициската СДС стравува од тоа што би изнел Груби пред обвинителството и кој би седнал до него на обвинителната клупа, ако она што тој го изнел иницира поширока одговорност за можни злоупотреби во рамки на поранешната влада.

To top