Македонија

Осум осомничени за лихварство и перење пари одат зад решетки,тројца во куќен,по еден се трага

Осум осомничени за лихварство и перење пари се испратени во притвор, а тројца се во домашен притвор, одлучи Основниот кривичен суд во Скопје

Осум осомничени за лихварство и перење пари се испратени во притвор, а тројца се во домашен притвор, одлучи Основниот кривичен суд во Скопје.

Еден осомничен е во бегство по акцијата на МВР и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а судија на претходна постапка одлучил и тој да биде приведен штом биде пронајден. Полицијата ги уапси осомничените во текот на вчерашниот ден.

Според сомневањата, од 2022 година до денес, тие делувале како организирана криминална група која давала заеми со незаконски високи каматни стапки. Групата им позајмувала пари на оштетените лица со месечни камати од 5 до 15 проценти, а за секое доцнење пресметувала дополнително зголемување на каматите.

Најнови вести од: Македонија

90 години од смртта на Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година (пред 90 години) во Тарту, Естонија почина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

Третманот со ефикасна терапија и поголемиот буџет за Онкологија го продолжува животот на пациентите со рак

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија

To top