Македонија

Откупот на пченица за стоковите резерви, веќе ги дава првите резултати на пазарот

Откупот на домашната пченица за стоковите резерви го врати оптимизот кај земјоделците

Откупот на пченица за стоковите резерви, веќе ги дава првите резултати на пазарот. Земјоделците добија загарантиран пласман и сигурна цена. Житото годинава има повисока цена, а одредени мелничари почнале да го откупуват по 13 денари за килограм,  колку што изнесува и цената што државата ја плаќа за откупот за стоковните резерви.

„Сега, штом почна да се откупува пченицата за стоковните резерви, дел од откупувачите ја зголемија цената. Сега се откупува по 13, а претходно беше 12 денари за килограм. Сега за сега еден денар, ама и не е малку„ вели Гоце Серафимов, потпреседател на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија.

Годинава за прв пат државните резерви, нема да се полнат со пченица од странство, туку со производството на домашните земјоделци.  Согласно планот треба да се откупи околу 9000 тони маркантилна пченица…

„Оваа година за прв пат да се откупува пченица за стоковни резерви и тоа од домашни производители….Секој индивидуален земјоделец може да продаде од 5 до 30 тони пченица, се со цел да бидат опфатени поголем број на земјоделци„ изјви Гоце Серафимов, потпреседател на Асоцијацијата на земјоделци

Сушата, во целиот регион сериозно влијаеше врз производството на пченка,  која е потребна за хранење на домашните животни. Нејзиниот недостаток ќе се компензира со пченица, што дополнително ќе ја зголеми побарувачката на лебното зрно, сметаат од Асоцијацијата. Инаку под пченица во држават беа посени околу 70.000 хектари. За разлика од лани, површините се зголемени за 2%. Од овогодинешната жетва се ожнеани од 270 до 300.000 тони пченица. Освен жито, за стоковни резерви ќе се откупува и оризова арпа.

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

To top