Македонија

Овозможиле противправен имотен ќар од 1.4 милиони денари

Поранешен директор на ЈП „Водовод“ во Кочани, поранешен вработен и уште двајца вработени во претријатието добиле кривична пријава за злоупотреба на службената положба при јавна набавка

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кочани поднела пријава до ОЈО Кочани против поранешниот директор на КЈП „Водовод“ – Кочани А.К.(44), вработените З.Г.(53) и Б.А.(64), како и поранешниот вработен З.Ј.(55).

Тие се сомничат за кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ извршено во соизвршителство.

Поранешен директор на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ во Кочани, поранешен вработен и уште двајца вработени во претријатието добиле кривична пријава за злоупотреба на службената положба при јавна набавка со која, според наводите, бил овозможен противправен имотен бенефит од 1.406.306 денари, информира МВР.

Според пријавата, второпријавениот како претседател, а трето и четвртопријавениот како членови на комисијата за јавна набавка, во 2021 година спровеле постапка спротивно на Законот за јавни набавки.

Во тендерската документација биле внесени спецификации за производи кои, според наводите, не постоеле на пазарот, со што била ограничена конкуренцијата и бил фаворизиран економски оператор од село во општина Могила.

Првопријавениот, иако имал обврска да ја утврди законитоста на постапката, донел одлука за избор на најповолна понуда и склучил договор во име на КЈП „Водовод“ – Кочани, со што, како што се наведува, бил овозможен противправниот имотен бенефит.

Најнови вести од: Македонија

Рози Мицкоска на Глобалниот самит во САД: Во одговорен и достапен начин во нашата земја, веруваме дека дигиталната писменост мора да започне од најрана возраст

Рози Мицкоска, сопругата на премиерот, учествува на Глобалниот самит во Белата куќа, во организација на првата дама на Соединетите Американски Држави (САД), Меланија Трамп, фокусиран на улогата на вештачката интелигенција и образованието. Ова е нејзиниот говор на Самитот кој МИА го пренесува интегрално

Платени денови со авион во Кипар со љубовната партнерка, наместо за работни активности

Апелацискиот суд ја врати на повторно одлучување во Граѓанскиот суд постапката за забрана на штрајкот во М-НАВ, инициран од синдикалците на оваа државна компанија за контрола на воздушниот сообраќај. Правните застапници на М-НАВ велат дека Независниот синдикат без легитимно право го иницирал штрајкот минатата година, без задолжителна постапка за помирување и без барање за заштита на работниот однос.

Партиите да се воздржат од шпекулации за собирање ситни поени на маката со труењето со храна, велат од ЕСМ

Апелираме да не се изнесуваат непроверени информации и да не се создава непотребна паника. Надлежните институции активно работат на целосно расчистување на случајот, а јавноста ќе биде транспарентно информирана за сите понатамошни наоди, соопштија АД ЕСМ и ЕСМ Молика Битола, а во врска со вчерашното труење со храна на работници од кобинатот.

Во април зголемување на платите во здравството

Мицкоски нагласи дека здравствениот буџет годинава изнесува речиси една милијарда евра и дека во него се пресметани зголемувањата на платите. Договорот за раст на примањата на здравствените работници останува во сила до 2028 година.

Најнови вести

To top