Македонија

Пак „скокна“ цената на дизелот, поевтинуваат бензините

На еден час вечарва по полноќ, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) ќе се продава за 87 денари за литар

Регулаторната комисија за енергетика, водоснабдување и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која се намалуваат малопродажните цени на нафтените производи во просек за 0,46% во споредба со одлуката од 1.6.2026 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (D-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕL-1) се зголемуваат за 1,50 ден/литар.

Малопродажната цена на Мазут М-1 SU се намалува за 0,609 ден/кг и ќе изнесува 47.297 ден/кг.

Од 9.6.2026, 00:01 часот, максималните цени на нафтените производи ќе бидат:

ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 86,00 (денари/литар)

ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 88,00 (денари/литар)

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) ќе се продава за 87,00 (денари/литар)

Екстра лесно мазут 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за 89,00 (денари/литар)

Мазут М-1 СУ ќе се продава за 47.297 (денари/килограм).

На 1 јуни, граѓаните беа пријатно изненадени:

Големо намалување на цената на дизелот од полноќ

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

Најнови вести

To top