Македонија

Панчевски го демантира Советот на јавни обвинители – имал над 10 години непрекинат работен стаж

Експретседателот на Основниот кривичен суд Скопје е единствениот кандидат за наследник на Коцевски дисквалификуван од Советот

Владимир Панчевски, единствениот дисквалификуван кандидат за наследник на Љупчо Коцевски од Советот на јавни обвинители, демантира дека не го исполнува условот за најмалку 10 години непрекинат работен стаж во областа на кривичното право со потврда од Основниот кривичен суд Скопје.

Во неа Судот потврдува дека тој бил во редовен работен однос на неопределено време во овој суд на работното место судија од 8 февруари 2008 година до 28 јули 2020 година и има вкупен непрекинат работен стаж во овој суд од 12 години, 5 месеци и 20 дена.

„Во текот на судискиот стаж лицето Владимир Панчевски како судија постапувал во Одделението за организиран криминал и корупција, Одделот за претходна постапка и Одделот за прекршоци, а тој беше и претседател на Основниот кривичен суд Скопје“, стои во потврдата.

Чисто заради сите вас што ме поддржавте во оваа трка за правда! Историјата бележи!

Ви благодарам на сите вас, добронамерни луѓе и пријатели желни Македонија да стане правна држава! ❤️❤️❤️“, објави Панчевски на Фејсбук заедно со потврдата.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top