Македонија

Параглајдер опасно „слета“ во Охрид (ВИДЕО)

Параглајдер, кој летал многу ниско, прво удрила во улична светилка на шеталиште, пред да падне на само метар-два од повозрасен пар. За среќа, инцидентот поминал без повредени.

 

Викендов „за влакно“ беше избегната трагедија во Охрид, откако параглајдеристи паднаа на пешачка патека на која имаше и луѓе.

Видеото од страшниот настан го сподели охридскиот портал Ohrid1.com на нивниот Јутјуб канал, а инцидентот се случил на пешачката патека кај Студенчишта.

Како што пренесува порталот, со параглајдерот управувал параглајдерист кој вршел комерцијални летови со туристи.

На видеото се гледа како параглајдерот лета многу ниско над патеката, а жена и мало девојче исплашено се тргаат од патот.

Потоа параглајдерот удира во улична светилка и ја руши, пред двајцата парагјладеристи да паднат на земјата.

Тие паѓаат на само метар-два од повозрасен пар кој шета на патеката, но за среќа не удираат во нив и во инцидентот сите поминале без повреди.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

To top