Македонија

Пари за собирање ѓубре има, но завршувале на сметка на семејството Беџети

„ЈП Комунална хигиена потпишува Договор со осумнаесет годишниот син на Блерим Беџети, замислете за давање совети за заштита на животната средина. Договор бр. 57254 склучен на 25.02.2025 меѓу ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ и фирмата „Веда ДООЕЛ“. Се гледа дека парите ги прима – Валон Беџети, син на Блерим Беџети, кој и се има потпишано. […]

„ЈП Комунална хигиена потпишува Договор со осумнаесет годишниот син на Блерим Беџети, замислете за давање совети за заштита на животната средина. Договор бр. 57254 склучен на 25.02.2025 меѓу ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ и фирмата „Веда ДООЕЛ“.

Се гледа дека парите ги прима – Валон Беџети, син на Блерим Беџети, кој и се има потпишано. Предмет – „интелектуални услуги – давање на совети за заштита на животната средина“ без јасно дефинирани резултати.

Човекот на кого ЈП Комунална хигиена му плаќаат скоро 12.000 евра за совети е осумнаесет годишно дете“, соопшти на прес-конференција од „Вреди“.

Со еден потпис, парите на скопјани завршуваат на сметка на фамилијата Беџети, додека Скопје тоне во ѓубре и нечистотија.

Според „Вреди“, овој директор е поставен од другарката на Блерим Беџети, градоначалничката Данела Арсовска.

Оценуваат дека ова е коалицијата на ДУИ, Левица и Димитар Апасиев од кој ќар имаат лично тие, а губат граѓаните на Скопје.

„Во еден ден по 12.000 евра за синот на Блерим и за роднината на директорот, назначен од Блерим“.

Бараат од Јавното обвинителство, веднаш да покрене постапка за злоупотреба на службена положба и перење пари.

Од ДКСК, да отвори предмет за судир на интереси и непотизам.

Од МВР – Единица за економски криминал, да направи финансиска истрага на сите плаќања кон „Веда ДООЕЛ“ и поврзаните лица на Блерим Беџети, Данела Арсовска и Диитар Апасиев.

Од Градот Скопје, да го раскине договорот и да побара поврат на средствата, да го разреши директорот на Блерим Беџети и да свика седница на Советот за да ги информира граѓаните за овој скандал на непотизам и корупција.

„Градоначалничке Данела Арсовска, вие лично ги поставивте овие директори, кои знаевте дека се блиски на вашиот другар Блерим Беџети. Денес имате два избора: Прво, да ги разрешите и да поддржите истрага, или да останете соучесници во кражбата од џебот на скопјани.

„Вреди“ ќе продолжи да ја разобличува оваа коалиција на корупција и омраза. Од денес, секој ден ќе објавуваме нов документ за дивоградбите, фиктивните фактури и партиските вработувања што ги храни оваа структура.

Додека Данела, ДУИ и Левица си делат тендери, граѓаните плаќаат двојно: со својот новчаник и со своето здравје. Оваа прес-конференција е прв чекор кон правдата. Следниот чекор е на институциите, ние нема да застанеме додека оваа шема не добие судска разрешница“.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top