Македонија

Патничка од Скопје за Бари – тримилионитиот патник од Скопскиот аеродром

Вицепремиерот Николоски најави дека од 6 април следната година стартуваат авиолиниите Скопје – Наполи и Скопје – Будимпешта, а од 28 јуни Охрид – Катовице, Охрид – Вроцлав, Охрод – Милано, а ќе стартува и редовната линија Охрид – Виена на „Аустриан ерлајнс“.

Меѓународниот аеродром „Скопје“ денеска го доби тримилионитиот патник во една година, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, се случува по првпат во историјата на авиосообраќајот во земјава.

 Милена Таскова на нејзиниот лет Скопје–Бари, стана тримилионитиот патник на скопскиот аеродром.

Според него, скопскиот аеродром веќе станува центар за целиот регион, каде има континуиран раст на патници, бројките во туризмот растат, а на бизнисот му се овозможуваат подобри комуникации и врски.

Николоски заедно со раководството на ТАВ Македонија присуствуваше на свеченоста на која беше испратена Милена Таскова на нејзиниот лет Скопје – Бари, со што стана тримилионитиот патник на скопскиот аеродром.

„Драго ми е што ова семејство што денеска патува до Бари ја има среќата да биде тримилионитиот патник на скопскиот аеродром. Ако споредиме со нешто што се случуваше пред 10, 20 и 30 години, ова би било незамисливо. Со ова, аеродромот во Скопје станува центар за целиот регион“, рече Николоски кој покрај вицепремиер е и министер за транспорт.

Посочи дека од септември лани досега има 21 нова дестинација од скопскиот и од охридскиот аеродром, што се најмногу воведени од која било држава во регионот.

„Затоа не се случајни бројките и не случајно скопскиот аеродром заврши со 3,2 милиони патници, а охридскиот со над 300 000 патнииц, а до крајот на годината очекуваме да има над 3,5 милиони патници“, рече вицепремиерот.

Имама континуиран раст, рече НИколоски, односно во ноември достигна 25 отсто споредено со истиот месец лани, што значи дека бројот на патници што патуваат од македонските аеродроми е зголемен за една четвртина.

Најави дека од 6 април следната година стартуваат авиолиниите Скопје – Наполи и Скопје – Будимпешта, а од 28 јуни Охрид – Катовице, Охрид – Вроцлав, Охрод – Милано, а ќе стартува и редовната линија Охрид – Виена на „Аустриан ерлајнс“.

Со сите нови линии и активности, се надева дека следната година во овој период на скопскиот аеродром ќе има 3,5 милиони патници.

Раководството на аеродромскиот оператор на тримилионитиот патник и подари бесплатни аеродромски услуги од сестринските компании на ТАВ и два бесплатни билета од „Визер“.

Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија рече дека од 2010 година кога го презеле управувањето на аеродромите, бројот на патници е зголем за петпати.

„Првата 2010 година од работењето заврши со 674 000 патници на скопскиот аеродром, во 2014 година го достигнавме првиот милион, а во 2018 година го имавме двамилионитиот патник. Денеска го имаме тримилионитиот патник“,рече тој.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

ЗНАМ: Во моментов не постои уставна и законска основа да се полага правосудниот испит на албански јазик

„ЗНАМ ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.“ – соопшти денес Движењето ЗНАМ.

To top