Македонија

Печатите на Алијанса за Албанците одат кај Таравари

Од Крилото на АА на Зијадин Села велат дека Арбен Таравари е слуга кој работи против Албанците и против Алијансата за Албанците

Со одлука на Основниот суд во Тетово вчера е прифатено барањето на Арбен Таравари за регистрација на измените во Статутот на партијата во Судскиот регистар на политички партии.

Според објавата, печатите на Алијанса за Албанците, му припаѓаат на крилото на Арбен Таравари, со што судскиот спор што со месеци ја следи внатрепартиската поделба добива нов пресврт.

„Согласно пресудата, се поништува Статутот донесен на Третиот вонреден конгрес одржан на 24 декември 2022 година, додека во регистарот се впишува Статутот усвоен на Вториот конгрес на партијата од 27 март 2022 година, во согласност со одлуките на Четвртиот вонреден конгрес одржан на 16 февруари 2024 година во Скопје“.

 

На судската одука реагираа од крилото на АА на Зијадин Села:

„Денешната одлука на судскиот систем само го потврди она што постојано го кажавме, дека Арбен Таравари е слуга на овој заробен систем кој работи против Албанците и против Алијансата за Албанците.

Водевме судска битка убедени во нашето статутарно и законско право, но секогаш свесни дека се соочуваме со систем и важен слуга на овој систем. Како поинаку да се објасни фактот дека овој процес се одолговлекува повеќе од две години, тоа што предметот двапати по ред беше враќан и трипати постапуван во основниот суд, преседан каков што немало досега.

Како инаку може да го објасните фактот што Судот во Тетово оди против сопствената одлука што ја донесе двапати по ред однапред и оваа одлука се менува токму сега кога Арбен Таравари денеска нема ниту половина од членовите и делегатите што ги имаше на почетокот на процесот.
И тогаш немаше мнозинство, додека денес не остана ни половина од тоа малцинство. Во последен момент сменет е судијата во Основниот суд Тетово и именуван Македонец на местото Албанец“ реагираат од АА на Села и додаваат:

„Сето ова докажува дека судската одлука е политичка, тоа е обид за атентат врз албанска политичка партија која со години беше главен фактор на политичката сцена во земјата и силен бранител на албанската национална кауза“, велат од крилото на Села од каде најавија дека оваа одлука ќе ја обжалат пред Апелациониот суд.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

To top