Македонија

Пеколен ден за Штипјани – евакуирани вработените од „Албатрос“ (ВИДЕО)

Густ чад и пожари го зафатија Штипско и Пробиштипско

Трет голем пожар избувна попладнево во Штипско. Овој пат пожарот е во близина на Штипската млекара, поради што се евакуирани вработените од фабриката „Албатрос“.

Според објавите на Фејсбук-страницата „Секојдневнието во Штип“, десетици луѓе бегале низ чадот, а многумина носеле маски на лицето. Страницата го опиша денот како „пеколен“ за Штипјани.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Фарух Ангелов, ја потврди веста и изјави дека пожарот набрзо ќе биде изгасен.

Пожар во Пробиштипско

Во исто време, три авиони „ер трактор“ гасат голем пожар во Пробиштипско, во регионот меѓу селата Бучиште, Неокази и Петршино. Според Ангелов, пожарот во Бучиште е локализиран, но еден дел се префрлил кон селото Ратавица. Во пожарот изгорела една куќа.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека до 13 часот денеска имало три активни пожари на отворено: кај Неокази (Пробиштипско), кај Исар во Штип и во село Новоселани (Општина Чешиново-Облешево).

Пожарот кај Исарот бил опасно близо до куќите, но по интервенција на еден „ер трактор“ опасноста за населбите е отстранета.

Поради густ чад во Пробиштипско, имало намалена видливост на регионалниот пат, што резултирало и со сообраќајна несреќа.

Најнови вести од: Македонија

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

Изгор цени во Охрид: Квадратот на атрактивните локации над 3.000 евра

​Најбарани се помалите и функционални станови од 40 до 50 квадратни метри со една спална соба за туристичко издавање. Покрај купувачите од цела Македонија, висок интерес покажуваат и пензионери од западноевропските земји, лица кои работат во странство како и дијаспората.

To top