Македонија

Пензионерите ќе можат пак да работат

Ова го предвидува Законот за вработување на лица кој им овозможува на поширок круг граѓани да влезат на пазарот на трудот без да ги изгубат своите постојни права, соопшти Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека ваков закон бил барање и од работниците и од работодавачите уште од почетокот на независноста. Со новиот закон, право на […]

Ова го предвидува Законот за вработување на лица кој им овозможува на поширок круг граѓани да влезат на пазарот на трудот без да ги изгубат своите постојни права, соопшти Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека ваков закон бил барање и од работниците и од работодавачите уште од почетокот на независноста.

Со новиот закон, право на работа имаат невработените, вработените, самовработените, студентите, лицата под 18 години (доколку ги исполнуваат условите за работа), пензионерите, со исклучок на оние кои примаат семејна пензија поради инвалидитет, како и странците со регулиран престој.

Според Мицевски,  пензионерите ќе можат да работат и да ја задржат својата пензија, додека студентите ќе можат да стекнат искуство и дополнителни приходи.

„Ова е победа за сите – граѓаните ќе можат да заработат повеќе, државата ќе собира повеќе даноци, а работодавците ќе имаат пристап до повеќе работна сила“, рече Мицевски

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top