Македонија

Енчев: Внесувањето на Бугарите во Уставот не е крај, туку само почеток

Поранешниот амбасадор на Бугарија во Хрватска, Велизар Енчев, ги искритикува премиерот Росен Желјасков и министерот за надворешни работи Георг Георгиев за Македонија

Пораките од Желјасков и од Георгиев кон Македонија, според Енчев, се сведувале на тоа дека со впишувањето на Бугарите во Уставот се решава проблемот и оти нема да има нови услови, со што тој не се согласува.

„Внесувањето на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија не е крај, туку само почеток на процесот. Тоа е само еден од условите вклучени во Францускиот предлог и Договорот за пријателство од 2017 година. Вклучувањето на Бугарите во Уставот е неопходно за да се деблокира процесот, но е далеку од доволно, бидејќи веднаш следуваат други големи услови, пред сè – промената на учебниците по историја во РСМ. Станува збор за намерна замена на историските факти“, изјави Енчев за бугарското Радио Фокус.

Покрај овие две барања, Бугарија мора да инсистира и на прекин на говорот на омраза, како и на гарантирањето на правата на Бугарите во Македонија, додава докторот по меѓународни односи и по меѓународно право, оценувајќи ја како скандалозна изјавата на Желјасков дека „нема да го претвориме процесот во билатерален“.

„Договорот со Скопје е билатерален, но во исто време имаме гарант за овој билатерален договор – Франција. Кога ќе го напуштите билатералниот процес и Договорот за добрососедство, што можете да очекувате од арбитарот кога ќе побарате од Скопје да ја исполни својата обврска за корекција на учебниците по историја? Во оваа смисла, тврдам дека премиерот Желјазков или свесно прави таков чин, или станува збор за непознавање на материјата“, коментира Енчев.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top