Македонија

Петрушевски: Дали Коцевски бил одговорен за ПИ мерките со кои се прислушкувани политичари, новинари и бизнисмени

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција обвини дека СДС, заедно со Зоран Заев и Венко Филипче, ги злоупотребувале АНБ и Агенцијата за разузнавање за политички цели.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција обвини дека СДС, заедно со Зоран Заев и Венко Филипче, ги злоупотребувале АНБ и Агенцијата за разузнавање за политички цели. Според него, во периодот од 2019 до 2024 година службите наместо да работат за државата, служеле како алатка за СДС со цел политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ и неговиот лидер Христијан Мицкоски, замолчување на новинари и уцена на бизнисмени.

Тој оцени дека станува збор за скандал од невидени размери. „И тоа, токму од партијата која на власт дојде со проект ‘Вистината за Македонија’. 7 години потоа вистината е поинаква, грда, но и болна. СДС како тогашна власт ја следела опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ. И сега сигурно ќе се правдаат со разно разни белешки… Но, реалноста е болна, а тоа е дека употребувале државен апарат за политичка елиминација“.

Петрушевски тврди дека според сознанијата со кои располагаат, претседателот Мицкоски бил ставен на оперативна обработка од службите што ги контролирале кадри на СДС. Како што наведе, АНБ под водство на Виктор Димовски и Заре Милошески, како и Агенцијата за разузнавање со Еролд Муслиу, го следеле неговото движење, комуникација и активности.

Тој смета дека следењето на политички противник за негова елиминација со државни ресурси претставува „крајно тоталитаристички чин и метод, кој не е виден никаде во развиените западни демократии, особено не во последните 100 години“.

Тоа што Уставот го гарантира, а тоа е слободата на движење, слободата на говор и политичко организирање му било загорзено на претседателот Христијан Мицкоски од страна на СДС. Овие сознанија кои ги имаме ние, но и во многу подетална форма, поткрепена со факти ги има и ЈО. Наместо молк, очекуваме одговори, и одговорност. Наместо летаргија, одлучна акција“.

Пратеникот постави и повеќе прашања:

  1. Кој бил одговорен за издавањето на ПИМ мерките од 2019 до 2024 година и дали тоа бил сегашниот јавен обвинител Љупчо Коцевски? Според него, тоа објаснува зошто СДС и ДУИ не гласале за негово разрешување.

  2. Кому и зошто му служеле прислушкуваните материјали? Дали со нив се тргувало со влијание и се уценувале бизнисмени?

Во која европска држава се следи лидер на најсилна партија и новинари и медиуми?“ – праша Петрушевски.

Тој побара Јавното обвинителство итно да отвори случај и да бара одговорност од Виктор Димовски, Заре Милошески, Еролд Муслиу и нивните политички наредбодавци во врвот на СДС.

Петрушевски заклучи дека „тоа што во Македонија било пракса 5 години, а од кое му се гади на секој нормален човек мора да биде казнето и никогаш да не се повтори“.

Најнови вести од: Македонија

Резолуцијата на Филипче се уште не доставена во Собрание: Стојановски најавува кривична одговорност за лажни вести и манипулации

Опозициската СДСМ со денови јавно ја повикува владејачката ВМРО-ДПМНЕ да ја прифати нивната резолуција, која, според власта, би отворила врата за примање мигранти во Македонија. Меѓутоа, од Собранието потврдуваат дека резолуцијата на СДСМ сè уште не е доставена.

„Лидерот“ Филипче е само маша, со која се штити криминалот на Заеви – никој во СДСМ не сака да му биде во тимот

„Филипче е воодушевен од неговиот ментор Зоран Заев и не пропушта можност тоа јавно да го истакне. Филипче е само продолжена маша на Заев во обид да го заштити криминалот на кланот Заеви. Тоа членовите на партијата го знаат и токму затоа Филипче има тешкотии да креира тим. Никој не сака да биде дел од високите органи на СДСМ под раководство на Филипче. Во СДСМ постои криза поради недоверба во лидерството на Филипче“, нагласува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Вреди: Новиот закон за правична застапеност затвора поглавје на политичка измама

Коалицијата Вреди објави дека новиот закон за правична и соодветна застапеност претставува крај на долгогодишната политичка манипулација со ова прашање, кое две децении се користело како слоган и алатка за уцена.

Најнови вести

To top