Македонија

Петрушевски: Толку ли многу знае Груби што стравот и паниката во СДС се огромни, та се подготвени и да се жртвуваат за него и неговиот криминал?!

„Свесни за сѐ што може да сведочи Груби, во страв и паника го бранат криминалот на поранешниот прв вицепремиер на владата на СДС и ДУИ, па дури и се подготвени да се жртвуваат за него!“ – нагласи пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски во денешното обраќање до јавноста.

Натаму Петрушевски истакнува: Потпретседателката на СДС, Јованка Тренчевска истакна дека одлуката на тогашната влада, за која меѓудругото се сомничи за криминал Артан Груби, била колективна, и според неа не било фер само Груби да добие кривична, туку требало да добијат и другите министри кои присуствувале на седницата, односно цела тогашна влада.

Дали дел од функционерите на СДС се спремни да се жртвуваат за овој криминал, само за Груби да не сведочи и за други криминали? Толку ли многу знае Груби што стравот и паниката во СДС се огромни? Зошто СДС со години молчеше, а со тоа и го одобруваше криминалот на Груби? Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДС беше спремна на се, само за да бидат ден повеќе на власт. Соработуваа, местеа и молчеа за голем број на криминали и тоа ги доведе до околу 130.000 гласови.

Истрагата мора да оди до крај. Одговорност за криминалот направен од СДС и ДУИ мора да има! – посочува на крајот Бране Петрушевски.

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top